Таг: шкупи

Дрон со знаме на голема Албанија леташе над стадионот Чаир

Фудбалерите на Шкупи и Вардар се сретнаа во дербито на колото во македонскиот шампионат кое мина во знакот на една провокација, идентична како онаа во Белград пред три години кога навивачите се тепаа со играчите.

Зошто Шверцери славеа победа со зелка?

Навивачите на Шкупи, „Шверцерите“, на својот стадион во Чаир ја прославија победата над ривалот Шкендија во Тетово од 0:1 со тоа што правеа акција со зелка. По некои писанија на навивачките форуми, ваквата симболика имала врска со прекарот кои Чаирци им го наденале на навивачите на Шкендија.

Див запад на дербито во Чаир

Некогашното големо дерби Слога (денес Шкупи) - Вардар ниту попладнево не мина без сериозни инциденти. Шверцерите во првиот дел фрлаа предмети на теренот а со стаклено шише бил погоден Горан Попов. По завршувањето на мечот кој Вардар го доби 0-1, десетина хулигани влегле во теренот и ги нападнале гостинските фудбалери Томе Пачовски и Бобан Грнчаров, а најтешко поминал Дамир Којашевиќ кој со боксирач бил удрен во носот.