Преубавиот графит сигурно сте го виделе повеќе од еднаш. Беше објавен на сите спортски сајтови ширум светот и сите му се восхитуваа, а најмногу Раниери и Лестер. Улиците на градот ќе бидат украсен со уште спектакуларни графити.
Новиот турски првак Бешикташ бурно ја прослави титулата освоена во првенството. Многу навивачи останаа надвор од стадионот, па имало проблеми со полицијата, а оние кои влегле ги забавувала Јелена Карлеуша, сопруга на фудбалер на Бешикташ.
Легија Варшава ја освои титулата во Полска, откако синоќа го победи Погон со 3:0, а главниот ривал Пјаст Гливице загуби дома 0:1 од Заглебје. Момент на мечот во Варшава беше линискиот судија Кухарчик кој покажа дел од умешноста со топка.
Фудбалерите на Олимпија Љубљана се шампиони на Словенија, откако го победија Рудар на гости со пенал во ’94-та минута и на тој начин на коло пред крајот ја обезбедија титулата пред лутиот ривал Марибор кој пет години по ред беше првак. Олимпија Љубљана ќе ја претставува Словенија во квалификациите за Лигата на шампионите.
Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.
Во недела од 15:05 граѓаните на Лестер ќе ги живеат можеби најлудите 90 минути затоа што со евентуален триумф на нивниот тим на гостувањето на Олд Трафорд, титулата ќе биде и теоретски освоена. Еве што му препорачаа на тренерот Клаудио Раниери.