Киев испратил документ од 47 страници до земјите членки на Г7 во кој се тврди дека во изминатите три месеци се извршени над 600 напади само врз украинските градови со помош на дронови кои во себе имаат западна технологија.
Воен авион товарен со кеш во износ од 140 милиони евра и „мала пажња“ составена од три модели на запленета западна муниција за британскиот НЛАВ, и американските Џавелин и Стингер, во август пристигнале од Русија на аеродромот во Техеран.
Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.