Таг: сатира

Сатирично писмо до Шопенхауер

Млад и амбициозен, но социјално неприлагоден, Артур Шопенхауер му испратил на еден уредник ракопис од неговата книга „Светот како волја и претстава". Уредникот ја одбил, но на крајот од писмото му дал и неколку гратис вонкнижевни совети. Или можеби не?

Типови муштерии по книжарници

Од сите можни поделби на различни типови читатели, една е посебно интересна, затоа што е направена од агол на оние кои постојано се соочуваат со психопатологијата на секојдневниот читател - продавачите по книжарници.

Пулицер за белетристика оди кај...

Откако Одборот за доделување на Пулицеровата за 2012 не успеа да се договори околу наградата за белетристика, по светските медиуми почнаа да фрчат остри коментари на негова сметка, особено земајќи предвид дека од страна на жирито задолжено за оваа категорија биле предложени стварно добри книги.

Статиите од Њузнет во книга

Ова сигурно им требаше! Познатиот сатиричен сајт - некаква српска верзија на Onion - кој е стар нешто повеќе од една година, во јануари се појави во печатено издание. Промоцијата на книгата со наслов „Ова можеби не ни требаше“ е денес, во Библиотеката на град Белград.