Таг: сарагоса

Има нешто во тоа за фудбалерите и школото

Сарагоса, која долго време беше трета во Сегунда, имаше можност да избори пласман во финалето на плејофот и да се бори за враќање во богатата Ла Лига. На гости одиграа 0-0 со Елче а синоќа изгубија дома. Примија гол во 81' минута, ама моментот на мечот го имаше Хави Рос во 87' минута кога можеше да го врати својот тим на почетната позиција. И глејте што направи:

Кандидат за гол на сезоната во Ла Лига

Сарагоса го совлада Овиедо со 2:0. И двата гола на мечот ги постигна Алваро Вазкез. Одиме со вториот кој сигурно ќе влезе во тесна конкуренција за гол на сезона во Шпанија. Ибра би му љубоморел. Мајсторија е благ збор за ова.

Култните дресови на легендарниот Бразилец Кафу

Поминаа десет години откако Бразилецот Кафу ја заврши кариерата а неговиот насмеан лик додека џвака мастика во некој од легендарните дресови го паметиме к’о вчера да беше.

Голман на колото

За најнесмасен голман ова коло дефинитивно го прогласуваме Пауло Казанига од Рајо Ваљекано. Ова е како да ти фали човек за фудбал па викаш било кого само за да се игра.

Година во која секој секого победи, а Депортиво стана шампион

1999/2000 важи за незапаметена сезона во Шпанија. Депортиво Ла Коруња ја освои титулата, шпицот на Расинг Сантандер беше прв стрелец а голманот на Алавес Мартин Ерера ја освои наградата Замора за најдобар голман.

Како малиот Раул дебитираше за Реал Мадрид

На денешен ден во 1994. година, стадионот Ла Ромареда во Сарагоса беше местото каде Раул Гонзалес Бланко за прват заигра во дресот на Реал Мадрид и му намести гол на Иван Заморано. Сè друго е историја.

Андер Ерера од Манчестер Јунајтед местел натпревари

Селекторот на Јапонија Хавиер Агире, играчот за врска на Јунајтед Андер Ерера, капитенот на Атлетико Мадрид Габи и уште 38 лица се обвинети дека наместиле натпревар од Ла Лига во сезоната 2010/2011.