Може да се залажуваме дека она што го читаме, слушаме и купуваме е резултат на свесна одлука дека тоа се вклопува во нашиот изграден, софистициран и индивидуален вкус. Но дали бираме ние, или некој бира за нас?
Нетфликс конечно проговори за тоа како функционира клучниот елемент на нивниот успех: системот кој ви препорачува други содржини и кој, и да ви го смени жанрот, ќе ви ја погоди серијата или филмот.
Кога е во прашање филм е лесно: одиш на imdb или на Rotten Tomatoes, пребаруваш по жанр или по кратка содржина, евентуално ги гледаш оценките, и одлучуваш кој филм да го гледаш. А каде да одиш за книги, а тоа да не биде Амазон?