Таг: полска лига

Има ли логика на овој да му се дозволи повеќе да игра фудбал?

Некаде во нисколигашкиот полски фудбал, се појавува еден опасен јунак со број 21 кој со интелигенција ала Сергеј Милинковиќ Савиќ, им го испи мозокот на неколкумина. Забавата ја расипува еден крамањонец, симнат од планина.

Избран голот на годината во Полска, Бергкамп треба да го види

Во ноември лани, во 2020-та, на мечот Краковија - Јагиелонија во полската Екстракласа, домаќините славеа со 3-1. Ама во 39' минута од тој меч гостинскиот фудбалер Хесус Имаз даде гол во стилот на холандскиот ас Бергкамп на времето во Арсенал.

Голманот што ги изнасмеа коментаторите сред пренос

Една чудна голманска одбрана на словачкиот голман Франтишек Плах го спаси голот на неговиот Пјаст Гливице против Лех Познан во 21. коло од полската Екстракласа. А коментаториве на глас се смееа.

Има такви слободни удари кои двајца голмани не ги фаќаат

Вкупно 4 гола паднаа во дуелот меѓу Заглебје Љубин и Стал Мјелец во Полска. Од тие 4, еден беше баш онака мераклиски. Го постигна Петери Форсел за гостите и ги постави конечните 2-2.

Играч, капитен, претседател - како Куба Блажчиковски ја спаси Висла од пропаст

Полската лига беше една од првите која сопре со фудбал поради коронавирусот, а таквиот развој им нанесе голем удар на сиромашните и помали клубови во оваа земја.

Игор што мајсториште ќе беше

Во полската Екстракласа, Гурник Забже играше против Заглембје. И додека резултатот беше 1-1, во 60’ минута шпанскиот ветеран Игор Ангуло постигна преубав гол за победа од 2-1.

Како во Полска се играл фудбал за време на Втората светска војна

Во време кога за крив поглед се завршувало во концентрационен логор, голема група ентузијасти и покрај забраната скришно организирале фудбалска лига. Окупаторот затворал, убивал, рушел стадиони, но фудбалот во Полска преживеал и покрај сите ужаси.

Најубавите 5 гола на Пјонтек уште од родната Полска

Полјаците се во еуфорија откако вториот нивен расен стрелец по Аркадиуш Милик (11 гола за Наполи досега сезонава), ќе игра во голем клуб. Кшиштоф Пјонтек (13 гола за Џенова) дарбата за решетање ја имал уште во тамошната лига.

На навивачите на Легија Нова година им стигна порано

Легија синоќа гостуваше кај Сосновиец, последнопласирана екипа во полската лига и славеше после пресврт со 2:3. Навивачите на тимот од Варшава дошле во огромен број на ова гостување и распалиле многу пиротехника.