Терминот „клиодинамика“ означува истражување на историјата преку комбинација на дисциплини: културна еволуција, економска историја, макросоциологија и математичко моделирање. „Клиодинамичарите“ најавуваа дека во 2020 ќе биде лошо, ама сега предупредуваат - ќе биде и полошо.
Доаѓа од латинското pessimus, што значи најлош. Од Русо, Шопенхауер, Ниче, до Фројд, Ками и Фуко, западната мисла е полна со филозофи и автори кои сметаат дека ова не само што не е најдобриот од сите можни светови, туку дека веројатно е најлош.
Името му звучи како наша „Паланка“. Ама Пуоланка е мал град среде Финска, до кого водат знаци во стилот „Наскоро - Пуоланка. Уште имате време да се вратите“.
Глобалната мантра која прави нормални луѓе да имаат константно блажен израз на лице, како да преживеале мозочен удар, налага дека во живот треба да бидеш позитивен и оптимист. Наспроти ова, песимизмот врши далеку повеќе работа.