По Јувентус, пласман во големото финале на италијанскиот куп обезбеди и Лацио, откако синоќа со голот на херојот Лулиќ го скроти Наполи на Сан Паоло. Поради забрана немаше лацијали во Неапол, но затоа 3.000 навивачи го чекаа тимот до 2 по полноќ во спортскиот центар Формело.