Што значи тоа „добар“ превод? Што значи воопшто тоа „добро“? Лекција по зборообразување, истражување, пловење и јазично нуркање, ова е истовремено и повест за еден интимен подвиг, осамено но одлучно замавнување со харпун кон еден кит од дело.
Декември 2013. Четворица ентузијасти се собираат во „Цреша“ и го формираат јадрото на замислената внатрешно-револуционерна јазичка организација „Зборци“, чија цел е вбризгување свежина во употребата на македонскиот јазик и борба против замислените грама-наци величини.