Добра идеја за освежување на оние по малку застојани промоции, на кои се оди од пристојност, а не затоа што е интересно. Оваа можеби звучи по малку „непристојно“, но затоа пак би била сигурно настан за паметење.
Пионер на голем број модерни идеи, Џејмс Барнет или лорд Монбодо бил шкотски судија, филозоф и татко на модерната компаративна историска лингвистика. Истовремено бил ексцентрик кој верувал во вредноста на „воздушните бањи“ или проветрување на телото кое најдобро функционира без облека.
„А не ве прска зејтин додека пржите?“ е едно од најчесто поставуваните прашања на луѓе кои формираат живописна заедница на нудисти-готвачи. И шетачи на кучиња. И караоке пејачи.
Ако во мај ве води патот накај Париз, и ако случајно по пат ви се загуби куферот, тоа ќе ви дојде таман за да посетите изложба на која услов е да не бидете облечени. Ако успеете да најдете карта.