До 85-та минтуа од дербито Индепендиенте - Расинг Клуб немаше голови. А тогаш домаќините поведоа 1:0 и кога беа пред освојување три бода, Лисандро Лопес со фантастични ножички на истекот на 90-та минута постигна неверојатен гол за 1:1.
На денешен ден пред точно пет години падна еден од најубавите голови од кога топката се тркала по фудбалските терени. Руни против Сити во дербито на Манчестер.
На денешен ден, пред три години пријателска средба играа Шведска и Англија. Швеѓаните победија 4-2 а Златан Ибрахимовиќ ги даде сите четири голови од кои едниот е можеби најубав во историјата на фудбалот.
Дефанзивецот на Виљареал, Марио Гаспар долго ќе го памети својот втор настап за репрезентација. Шпанија вечерва триумфираше 2:0 на пријателски дуел против Англија, а вакво ремек дело богами одамна немаме видено.
Белгискиот репрезентативец се вклопи во фудбалското сивило на Челси, но затоа и натаму маестрално игра за репрезентацијата која е на чекор од пласман на ЕП 2016.
На нив во последно време е претплатен Пиниља кој објаснува како се прават, но често ги гледаме во разно разни првенства низ светот. Чиунг Диен од Нигерија на Африканските игри за играчи до 23 години ги постигна на свој начин, а жртва беше Конго.
На мечот Шангај Шенуа - Шангај Ист Азија, Колумбиецот Џовани Морено го постигна најубавиот гол во кинескиот фудбал сезонава. Колку ефектен гол даде Морено покажува и рекацијата на Демба Ба кој игра за Шангај Шенуа.
Стивен Ленон кој игра во исландското првенство не е баш познат фудбалер. До 2009 година играл во аматерски клубови, а хет-трикот ова коло ќе го памети најмногу по ножичките.
Имавме ние периодов епски ножички, како оние со автоголот во Јордан или кога Кореанецот ја прими со глава. Но никој не успеал како Американциве кои така почнаа и да си додаваат.
Фудбалерите на Чорли беа многу блиску до елиминација во полуфиналето од плејофот за влез во петтата англиска лига, откако по ремито 0:0 на домашен терен, губеа 2:0 на гости од Бостон Јунајтед. Во 56 минута постигнаа гол за надеж која ја имаа се до последните секунди, кога во шеснаесетникот јуначки реагираше Адам Роскоу.
Најатрактивниот начин на постигнување гол често се повторува во разни лиги, а минатиот викенд со таква акробација падна и автогол. На Корејанецот Ли Дон Гук кој играше во Премиер лигата за Мидлсброу, тоа му успеа на пионаков начин со прием на топката со глава.
На евроголови со ножички нè навикнаа Бразилците, но подзаборавивме дека и во Лига 1 паѓаат такви ефектни голови. Некогашниот фудбалер на ПСЖ и Кан, Лоран Лирој е еден од најдобрите изведувачи на ножички.
Бразилскиот играч од средниот ред на Челси е стандарден првотимец кај Мурињо, но со потпишувањето на Колумбиецот Хуан Куадрадо од Фиорентина доби силна конкуренција. Чујте му го лудачкото смеење откако ќе поентира.
Лу Лин од Гвангжу Фули, кинески клуб предводен од Свен Горан Ериксон се најде на листата на мајстории кои вреди да се издвојат деновиве. Класичните ножички со прием на гради кои на времето му успеваа само на Пеле, сега ги прави кој стигне.
Од головиве со ножички навистина нема крај, но ние не ги потценуваме, а и понатаму ќе ги објавуваме. Последниот мајстор е Родриго Мора кој на својот тим Универзидад Де Чиле му донесе триумф над Гварани Либертадорес.
Фудбалерите на Ница го елиминираа Олимпик Марсеј во францускиот куп, а потегот на мечот во голеадата од 5:4 за гостиснкиот тим, ја имаа домаќините со голот на Андре Пјер Жињак
Џонатан Александерсон е најголемиот фраер на турнир во Шведска, каде и покрај малиот број на публика во вистински момент се најде вклучена камера за да се архивира атрактивниот потег.
Пред четири месеци „Гугл" го стави на насловна страна Бразилецот Леодинас Да Силва како прв фудбалер кој го постигнал најакробацискиот гол. Но во приказната се вмешаа и Чиле и Перу кои тврдат дека имаат свои факти за потеклото на ваквиот погодок.
Пред само четири дена пензиониран фудбалер непречен од никого постигна атрактивен гол со ножички, а сега го имаме младиот Мендичино од третолигашот Салернитана кој иако имаше чувар до себе, ги крена на нозе навивачите на изораниот терен во Серија Ц.
Иако има 42 години, поранешниот словенечки фудбалер Фреди Бобиќ кој е спортски директор на Штутгарт, успеа да ја направи најдобрата атракција на хуманитарен натпревар, а му асистираше пензионираниот голман Јенс Леман.
Голманот на Калгари Флејмс, Рето Бера на натпреварот против Колумбус изведе една од најдобрите одбрани кои сме ги виделе на хокеј терен во стил на фудбалер-голгетер со удар со ножички.