Таг: ножички

Ножички по слободен удар

Уште вакви атрактивни ножички немавме видено. Двајца играчи на селекцијата на Шкотска до 21 година набрзина го напуштија живиот ѕид, но тоа беше само мамка, затоа што голгетерската улога на мајсторски начин ја превзема Калум Петерсон и тоа во гужва.

Нови спектакуларни ножички

Понесени од редовните акробации на многу фудбалери, неодамна направивме листа на најдобри голови со ножички. Но изгледа дека ќе треба почесто да ја прошируваме. Вчера имавме бразилски мајстор во Хонг Конг, а најновата атракција е дело на Франк Џа Џеџе од Брегот на Слоновата Коска кој погоди за украински Черноморец.

Бразилски ножички во Хонг Конг

И во Хонг Конг видоа во живо атракција со ножички. Делото го стори Полскиот напаѓач Талес Шутц кој е роден во Бразил и кој имаа чест да го видат 690 навивачи.

Од атрактивните голови со ножички никогаш доста

Сигурно дека најубав гол на колото во Серија А заслужува да биде мајсторијата на Гуарин на ефикасниот меч Торино-Интер кој заврши 3:3. Тоа не инспирираше да направиме листа со 10 најатрактивни макази, меѓу кои секако дека е чудото на Ибрахимовиќ, но не го забораваме ниту Дејан Блажевски.

Победничките ножички на Мексико

Репрезентацијата на Мексико дојде до важни три бода против Панама во борбата за пласман на Светското првенство благодарение на прекрасниот гол со ножички на Раул Хименез на пет минути до крајот на натпреварот.

Среќа во несреќа

Го имаме кандидатот за најлуд пенал на сезоната. Тој е дело на Глен ван дер Линден од белгискиот второлигаш Мускрон чиј удар од белата точка беше одбранет, но потоа тој си ја намести топката за ножички и постигна убав гол.

Ножичките во мода

Периодов се изнауживавме во атрактивните голови со помош на акробација. Хит ни е е уште мајсторијата на Дејан Блажевски, а по него во ист стил настапи и младински фудбалер од Валенсија. Денеска внимание решивме да му посветиме на Карлос Кларк од Костарика, а не е за потценување ниту тој од американската колеџ лига.

Уште еден имитатор на Блажевски

Не дека фудбалерот на Турново, Дејан Блажевски е еден од ретките кои успеал да постигне гол со ножички, но не паметиме кога друг пат играч во македонско првенство направил таква мајсторија. Затоа и следниов јунак кој збрца таков погодок го споредуваме со наш Дејан, а ни доаѓа од младинскиот погон на Валенсија.

Еден век од раѓањето на човекот кој го збуни светот со “ножички“

Компанијата Гугл која го прославува својот 15 роденден, насловната страна му ја посвети со цртеж на легендарниот Бразилец Леодинас Да Силва кој пред 70 години со акробативен начин ги изненади љубителите на фудбалот.