Луѓето често размислуваат за незнаењето како за нешто кое треба да се искорени или да се надмине. Но всушност токму тоа го поттикнува развојот на науката.
Не, не зборуваме за онаа состојба на незнаење која штити од повредување, или која е благослов за оние „бедните по дух“. Роберт Линд, ирски поет и есеист го фали незнаењето заради постојаното задоволство кое тоа го нуди - она од откривањето.
Проблемот со незнаењето е што, кога си е твое, некако се приврзуваш како кон другарче и разделбата со него ти паѓа тешко. Тоа што на другите им е јасно дека си идиот не те спречува да си тврдоглаво доследен. Џими Кимел и неколку психолози имаат нешто да кажат на оваа тема.