Таг: нба

Невозможниот кош на Нелсон

Плејмејкерот на Орландо на натпреварот против Њујорк Никс изнервиран од судиската одлука ја тресна топката од паркет и таа заврши во кош.

Далас играше со 6 кошаркари

Екипата на Далас Маверикс кон крајот на втората четвртина на натпреварот против Портланд во еден момент на паркетот имаше 6 кошаркари, но тоа не им помогна и тие на крајот загубија со 106:104 со поените на Олдриџ со звукот на сирената.

Авто-цепелин

Потегот на вечерта во НБА лигата му припадна на Џавел Мекги од Денвер кој си асистираше од табла на гостувањето кај Хјустон.

Нокаут банана

Кошаркарот на Лон Анџелес Клиперс, Керон Батлер им покажа на сите како треба да се чува кошот од противникот. Но најмалку на тоа се израдува судијата.

Банана за маскотата

Расел Вестбрук ја истрола маскотата на Денвер и непотребно го блокираше обидот за тројка од пола терен, но иронично, Оклахома на крајот загуби со 3 разлика (121:118).

Леброн и Коби ги предводат првите петорки на Ол стар

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои добија најмногу гласови за Ол стар натпреварот. Првата петорка на западот ја предводи Коби Брајант, а на истокот е Леброн Џејмс.

Леброн Џејмс најмладиот до 20.000 поени

Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.

Не се закачај со НБА ѕвезди

Млад навивач на Јута Џез кој од првите редови го бодреше својот тим кој се сретна со актуелниот шампион Мајами Хит претера со своето однесување. По интервенцијата на Двен Вејд, момчето беше исфрлено од сала како непослушните деца на театарска претстава.

Топ 10 уживања

Атрактивните забивања беа во центарот на вниманието во синоќешната ноќ во најатрактивната кошаркарска лига. Во НБА топ 10 листата на два пати свое место избори и Коби Брајант, а приматот му припадна на Џеф Грин од Бостон Селтикс кој немилосрдно ја заби топката преку Џермејн О'Нил.

Забивање на сезоната во НБА?

Има уште многу да се игра во НБА лигата, но Џеј-Ар Смит од Њујорк на натпреварот против Сан Антонио направи забивање кое влегува во потесна конкуренција за најдобро на сезоната.

Џексон се повреди со келнерка

Кошаркарот на Сан Антонио, Стивен Џексон на гостувањето кај Њујорк Никс ја претрпе една од најбизарните повреди во историјата на НБА. Тој мораше да го напушти теренот откако се сопна на келнерка која покрај паркетот го услужуваше градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.

Сеир за Грифин

Кошаркарите од клупата на Голден Стејт му удрија добар сеир на Блејк Грифин за неговиот очајно лош обид за три поени. На крајот Голден Стејт славеше со 115:94 и му го нанесе и вториот пораз на Клиперси по нивната фантастична серија од 17 победи.

Грифин и камерманот

Блејк Грифин не беше многу расположен на паркетот за време на божиќниот натпревар против Денвер, но затоа пак беше расположен за зезање со еден од камерманите.

Дедо Мраз се повреди на натпревар на Чикаго Булс

Дедо Мраз привремено го прекина доставувањето пакетчиња додека ги санира повредите здобиени при неговиот обид да забие на божиќниот натпревар во НБА помеѓу Чикаго и Хјустон.

Тренерот на Филаделфија им купи сендвичи на 18.000 навивачи

Кошаркарите на Филаделфија со победата над Атланта во саботата ја прекинаа серијата од 5 порази, но по завршувањето на натпреварот нивните навивачи не беа среќни и го извиркаа тренерот Колинс, па тој мораше да им купи сендвичи на сите присутни.

Забивање на сезоната?

НБА лига на својот ЈуТјуб канал објави видео со забивањата на Харисон Барнс и Џералд Хендерсон како нивен избор за најдобри забивања во досегашниот тек на сезоната 2012/2013.

Батум со 5x5 учинок

Во историјата на НБА лигата само 8 кошаркари успеале на натпревар да имаат учинок од барем 5 поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади. Последниот на кој тоа му успеа е Николас Батум од Портланд на натпреварот против Хорнетс.

Грифин од табла

ЛА Клиперс го совладаа Детроит и ја забележаа 10-та победа во серија, а неизоставен дел во нивните победи се и атракциите на Блејк Грифин како ова забивање по асистенција од табла од страна на Мет Барнс.

Најпопуларните НБА видеа на ЈуТјуб

ЈуТјуб каналот на НБА лигата ја премина границата од 1 милијарда прегледи. Одбележувајќи ја доминацијата на интернет, НБА објави компилација од нивните најпопуларни видеа.

Маверикс ја уништија новогодишната песна

Секоја година НБА тимовите им праќаат празнични честитки на своите фанови, но Даласа Маверикс го одбраа погрешниот начин. Исто како и честитката на Коларов и кошаркарите на Далас имаа неуспешен обид да испеат празнична песничка.

Вака НЕ се положува

Обидот за поентирање на Ламар Одом од Клиперс на натпреварот против Далас е школски пример затоа како НЕ треба да се положува.

Банана од судијата

Предраматичниот судија не сакаше да му дозволи на Крис Хамфрис од Бруклин Нетс да го изведе слободното фрлање додека се правеа измени, па реши да го блокира.

Двојниот цепелин на Клиперс

Клиперс славеа на гостувањето кај Чикаго Булс со 89:94, а свое шоу со 22 поени и 10 скокови имаше Блејк Грифин. Дел од ова шоу беше и двојниот цепелин со Џамал Крофорд.