За време на официјалната посета на Полска пред десет години дознав дека Берлинскиот ѕид ќе падне. Вечерта на 9-ти ноември, премиерот Тадеуш Мазовецки ја покани мојата делегација на банкет во поранешната палата на принцот Радзивиљ. Пред да пристигнеме на вечера, од Бон се јави генералниот секретар Рудолф Ситерс. Ми кажа дека претседателот на комунистите во Источен Берлин ненадејна објавил привремена дозвола за патување на граѓаните.