Ваква порака на своите сограѓани им упати еден американски професор за кого е несфатливо што Американците не ни веруваат во класна борба. Ама затоа лесно веруваат во политички приказни дека ќар од некој потег виделе токму тие и нивната класа.
Предизборно, морав да се пролигавам на тема социјализам и Југославија и да прашам, што ви е бе форава што им ги носите на децава ранците до влез во училница?
Маркс го утна носителот на класната револуција бидејќи работничката класа одамна не е тоа што беше. Но, можеби малку поинаков бауч сега кружи над нашите глави.