Таг: килијан мбапе

Најголемото промашување во кариерата на Мбапе

Со головите на Витиња, Хакими и Коло Муани, ПСЖ го доби Рен на гости со 1:3. Мбапе на крај имаше шанса за 1:4, сè направи како што треба, но на крајот имаше пацерски финиш, што е скроз нетипично за класа играч како него.

Делегацијата на Ал Хилал попи корпа во Париз

Агресивната навала на Арапите со купување фудбалски ѕвезди од Европа со многу пари, не може да упали секаде. Безобразниот обид со Мбапе им пропадна.

Готово е со Мбапе а?

Добро бе од кај му го ископаа двојников? Исти се. Некој може и да се насанка.

Арапите скроз одлепија, му нудат плата на Мбапе од 1.332 евра во минута

Во Саудиска Арабија веќе не се знае кој што прави со парите во фудбалот. Ал Хилал испратил понуда до Мбапе, невидена во ниту еден спорт откако постои човештвото. Уште остров фали да му подарат.

Се сретнаа Мбапе и Виктор кој заврши кај Грег Попович

Француската сензација Виктор Вембанјама ја следеше драфт лотаријата во НБА со семејството и пријателите. Џек потот го доби Сан Антонио Спарс кој прв ќе го бира првиот пик после 1997-ма кога го одбра Тим Данкан. 219 високиот Французин доби поддршка и од Килијан Мбапе кој инаку е висок 178 см. Погледнете го видеото за да сфатите зошто пишуваме колку се високи.

Не се бранат ваквите голчишта на Мбапе

ПСЖ му пукна петарда на Ајачио од 5:0 и на три кола до крај има +6 пред Ленс, што значи титулата е речиси освоена. Мбапе даде два гола и има вкупно 38 од кои 26 во првенство. Вториот го постигна со страшен волеј.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Кога водиш 3:0 на дерби и после ти е лабаво

Олимпик Марсеј - ПСЖ минатото коло заврши 0:3. Мбапе даде два гола и еден му асистираше на Меси. Лесно му беше после на Килијан кој знае да се мајтапи на терен.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Мбапе му даде пет гола на шестолигаш за кој игра водачот на навивачите на ПСЖ

Во Франција се одигра Куп натпревар во кој се случи една необична средба, можеби невидена во светот на фудбалот. Се судрија еден од најдобрите играчи на планетата против негов навивач кој внимавал да не го повреди.

Мбапе и Хакими маскирани низ улиците во Њујорк

Двајцата другари и соиграчи од ПСЖ добија слободни денови после поразот од Ленс, бидејќи се вратија брзо на тренинзи и не се одморија после едномесечниот ангажман во Катар. На НБА натпреварот не поминаа без медиумско внимание, ама потоа најдоа начин како да шетаат слободно.

Две уморни ѕвезди на ПСЖ од Мундијалот се релаксираа на НБА натпревар

На дуелот меѓу Бруклин Нетс и Сан Антонио Спарс имаше изненадување во публика. Килијан Мбапе и Ашраф Хакими и тоа само ден откако играа редовно коло. На видео бим ги пуштија головите на Французинот од финалето против Аргентина.

Макрон небитен како семафор во Валандово

Веројатно единствената паметна работа која ја направи Емилиано Мартинез на првенствово, покрај бранењето пенали и зицери.

Видео од соблекувалната на Франција на полувреме во кое зборува Мбапе

После бедните 45 минути во кои со топка не се споија и ниту за момент не личеа на светски прваци се до неговите голови на 10 минути до крај, Дешамп се врти во круг како мува без глава, сите други седате и молчат, а тој станува и се обидува да го подигне духот на тимот.

Утеха на Меси за својот клупски другар

На цела таа еуфорија обоена со солзи од радост кај едните и тага кај другите, не видовме спортски поздрав од двајцата најдобри на првенството кои наскоро ќе продолжат со своите обврски во ПСЖ. Се гушнале за време на церемонијата. Најпрвин Меси го теши Мбапе, а потоа и Скалони. Така треба, а не ко недокваканион голман.

Мбапе нокаутираше навивач со топка и истрча да му се извинува

На загревање се случило, а по ова што го гледаме, Килијан изгледа има бајаги јак шут. Убав гест што му отиде на извинување.

Мбапе и Хакими се како браќа

За Ашраф и Килијан ова не беше баш посакувано полуфинале. Тие се неразделни клупски другари кои функционираат перфектно во ПСЖ и кои се навикнати заедно да победуваат. Плус врсници се, Мароканецот е постар само месец и пол. Едниот мораше да го теши другиот, а на крај си ги разманија дресовите.

Килијан Мбапе ја однесе Франција во осминафинале

Селекцијата на Франција стана првата репрезентација која обезбеди пласман во нокаут фазата на Мундијалот во Катар. Големата ѕвезда на ПСЖ ја реши Данска со два гола (61` и 86`). За Данците стрелаше Кристенсен.

Подвигот на Мбапе кој ја шашардиса одбраната на Јуве

ПСЖ го совлада Јувентус и по втор пат во групата Х и го остави на ужасен скор од еден триумф и пет порази. На Килијан Мбапе му треба само малку за да ја понижи цела одбрана на Старата дама. Федерико Гати со број 15 беше очаен и не успеа ниту со раце да го задржи.

Меси и Мбапе пак им го земаа паметот на противниците

Само четири дена откако ја побудалеа цела одбрана на меч во првенство, убиствениот тандем продолжува со пеколно темпо и во ЛШ. Имаат 4:1 по само 45 минути игра против Макаби Хаифа. Два гола на Меси, по еден на Мбапе и Нејмар. Лео со две мајстории и нова прекрасна акција во комбинација со Килијан.

Најбогатите седум договори во историјата на фудбалот

Ако ова со Мбапе е вистина, тогаш е претерано и надвор од памет, без разлика што ќе се најде некој ладнокрвно да исконтрира дека фудбалот е бизнис и кој колку сака може да плаќа.