Таг: фото на денот

Фотографија на денот во Италија

Откако Кориере дела Сера објави статија со фотографија на која се гледа едно дете со дрес на Ѕаниоло од Рома во центарот на Милано, позитивните реакции продолжуваат.

Фото на колото

Кога во Јужна Америка се игра фудбал напладне по најјако сонце, тоа знае да биде сериозен подвиг за гледачите. Како на пример овие навивачи на Форталеза кои се наредиле по линијата од сенката од рефлекторот.

Фото на денот

Автор на фотографијата е Пеп Мората, кореспондент на Мундо Депортиво кој утрово бил во базата на Барселона кога отпуштениот тренер Ернесто Валверде заминувал со колата а од отсјајот на предното стакло, изгледа како да мавта на грбот на Барса.

Фото на денот

Динамо Загреб игра фантастична сезона во Европа каде стигна до осминафиналето од ЛЕ. Во четврток на 7 март од 18.55 на „Максимир“ ќе ја пречекаат Бенфика. По пуштање во продажба на картите, се направила огромна колона пред билетарницата. Ваква атмосфера во и околу клубот немаше повеќе од неколку години поради бојкотот на Бед Блу Бојс.

Фото на денот

Ако ЕХФ треба да бира фотографија на годината, еве им ја. Се случи пред салата Јане Сандански во очи на мечот меѓу Вардар и Веспрем. Реткост е ова, особено на наши простори. Браво за фотограф Кочо кој се нашол на право место.

Три фотографии на денот

Тешко е да се избере фотографија на денот кога ќе ти улетаат вакви. Затоа одиме со сите три комада.

Фото на денот

Капитенот на Мароко Мехди Бенатија пред почетокот на пријателската со Словачка на силен дожд, со знаменцето на неговата федерација го покри девојчето кое излезе со него на терен.

Фото на денот со Тео Волкот

Дали како мал многу сакал „нинџа желки“ или нешто друго е во прашање, англискиот репрезентативец од Арсенал се сликал со српската жандармерија по дуелот во Белград со Црвена звезда.

Кореографија на денот

Ова малку не потсеќа на Градски стадион во старото руво, кога играчите летно време бегаа во делот каде сенка држеше јужната трибина.

Фото на денот

Витор Баија, Мишел Салгадо, Франческо Толдо, Диеро Армандо Марадона, Џани Инфантино, Ѕвонимир Бобан, Габриел Баститута, Давид Трезеге...во Цирих во пресрет на вечерашното доделување на Златната топка.

Фото на денот

Џонатан Волтерс ја контролира топката со нос за време на синоќешниот дуел меѓу Стоук и Саутемптон 0:0.

Фото на денот

Јон Гвидети, шампионот на Европа У-21 со Шведска, од 10 до 13 години живеел со семејството и тренирал во Кенија, од каде што се врати во татковината. Играше за Бромапокрајна, Манчестер Сити, Барнли и Феенорд, а сега е во Селта Виго.

Во исто време на исто место

Еден од фотографите покрај теренот на мечот Фиорентина - Наполи (1-1, два гола за 65 секунди), успеал да ја направи фотографијата на пролетната полусезона во Серија А.

Олд скул фото на денот

Бирмингем 1999-та. Финале на Куп на Купови, екипата на Лацио пред мечот со Мајорка кој Римјаните го добија 2:1 со головите на Виери и Недвед. Стојат од лево на десно: Неста, Виери, Михајловиќ, Панкаро, Маркеџани, Манчини. Седат од лево на десно: Станковиќ, Фавали, Алмеида, Недвед, Салас.

Фото на денот

Кајзер Франц Бекенбауер денес полни 70 години. Во фудбалот ќе остане запаметен како единствен кој го освоил Светското првенство како играч и како селектор.

Фото на денот

На 28. август 1996 година, Жозе Мурињо и Христо Ице Стоичков ја прославија победата на Барса во шпанскиот Супер Куп против Атлетико Мадрид.

Фото на денот

На 24 август 2001 година, Ливерпул го победи Баерн Минхен 3-2 и го освои Супер купот на Европа. Стрелци на головите за Црвените беа Рисе, Хески и Овен, а за Баерн Салихамиџиќ и Карстен Јанкер.