Дечково се вика Хирам Боатенг. Игра во Ексетер (2 англиска дивизија или 4-та во хиерархијата). Во саботата неговиот тим со 2-0 го совлада Порт Вејл, а голот што го даде Хирам беше можеби најубав во сите европски лиги сезонава.
Се сеќавате ли на Единалдо Батиста познат скратено како Графит? Ќе ви текне кој е кога ќе видите што и направи на одбраната на Баерн Минхен пред една декада. Волфсбург тогаш беше првак на Германија, а Бразилецот играч на годината и стрелец број 1 со 28 гола. 5:1 ги попарија Баварците предводени од Клинсман.
Бермуда ја совлада Доминиканска Република со 3:1, но за единствениот гол што го постигнаа Доминиканците долго ќе се зборува. Поминаа две минути од мечот и тој што ја прими од десно ја издиша од што ја рогна јако. Не сме виделе некој од тој агол да се истакне со таков лудачки лоб.
Лига на шампиони жени. Славија Прага vs Баерн Минхен. Шутира извесна Свиткова и ја лобува голманката од преку 30 метри. Е некој ваков гол ни фали да видиме на Градски. Порано беа дрва во средина, ама ајде сега Барди, Варди, Марди, кренете го стадионот на нозе.
Унгарски куп, играа Кисварда и Ференцварош. Мечот заврши 1-1 и гостите одат понатаму. Ама голот што го постигна Гориаран во 33’ минута беше научна-фантастика.
Џанфранко Ѕола на 35 години, на 16 јануари 2002-ра постигна легендарен гол против Норвич. Италијанецот, кој денес е помошен тренер во Челси, со „Сините“ како играч освои два ФА Купа, еден Лига Куп, еден Супер Куп, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.
Ако навивачите на Ливерпул сонуваа за некаква тројна круна сезонава, синоќа Вулверхмптон ги разбуди од сонот и со 2-1 ги елиминираше од реномираниот ФА Куп. Раул Хименез ги донесе „волците“ во водство, Дивок Ориги израмни, а во 55’ Рубен Невеш распали во негов стил од далечина.
На мечот меѓу Заласпорт и Сиофок од унгарската втора лига, кој заврши 6:1, падна еден од поубавите голови сезонава во Европа. Творец на ова ремек дело е Бабати Бенџамин кој го постигна петтиот гол за домашните.
Пред помалку од еден месец, фудбалерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ постигна прекрасен гол со ножички. Вечерва пак на ист начин ги наполни насловните страни. Динамо му гостуваше на Интер во Запрешиќ и славеше со 0:2.
Ако некој се обиде на фудбалот да му залепи етикета дека е само машки спорт, најмногу ќе се налути Американката Макарио кој веднаш ќе го побие тоа. Многу, ама многу добро изведено.
Ајнтрахт Франкфурт ја наполни Фортуна Дизелдорф со 7 парчиња од кои младиот српски напаѓач Лука Јовиќ постигна 5. Еден од нив е за најавните шпици. Лудница од гол.
Вусимузи Мнгомезулу е име од Јужна Африка кое веројатно нема и не мора да го запамтите. Важно е да му го видите евроголов ала Кутињо. Еднаш во кариера се случува вакво совршенство од удар со кој нема шанси голманот.
Олимпија Љубљана извади 2:2 во 92-та минута против Горица, а можеби и ја победеше ако се најдеше јунак кој ќе го оцени точно ова спорно ремек дело од слободен удар. Еден од гостинските фудбалери упати хируршки прецизен удар во агол, по што топката е тешко да се види дали ја мина или не целата гол линија.
Луифа Галесио е во брак со сестрата на Мауро, Ивана Икарди. Дечкото е малку чуден спој од победник на реално шоу во Аргентина до играч во четвртата италијанска лига Серија Д. После овој гол Мауро Икарди може да се гордее со зетко.
Викендов беше празник за очи кога се во прашање евроголовите. Да не знае човек што попрво да издвои. Од чудесниот потег на Ибра, волшебниот волеј на Паје, до овој брутален проектил на Мохамед Камара на мечот Олимпијакос - Астерас Триполис.
Во најдобрата бразилска лига Сеара со 2-1 го совлада славниот Коринтијанс а првиот гол за домаќините во 21’ минута го даде голманот Еверсон. Гол? Не. Голчиште!
Били Симпсон има 26 години и игра за женскиот тим на Клифтонвил од Северна Ирска. Во раната фаза од сезоната таа веќе влезе на списокот потенцијални кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која ФИФА ја доделува за најубав гол.
Новиот словенечки прволигаш Мура го прегази Домжале (клуб кој пред две години го елиминираше Вест Хем од квалификациите за Лига Европа), со 5-1. Петтиот гол беше чудесија. Стрелец Нино Коутер.
Англија ја совлада Коста Рика 2:0 на последните контролки пред Мундијалот, а Маркус Рашфорд толку добро ја збибери во агол, што Кејлор Навас можеше само да сонува дека ќе ја фати. На СП ова ќе беше прогласен за гол број 1.
На денешен ден во 2002 година Зинедин Зидан му ја донесе на Реал Мадрид деветтата титула во Лигата на шампионите со еден од најубавите голови во историјата на овој турнир.
Фудбалерот на Орашје Антонио Видовиќ постигнал два гола во триумфот на својот тим против Чапљина (3-1) во втората лига на Босна и Херцеговина. Еден од погодоците е ала КР7.