Таг: еврогол

Гол од офсајд кој е греота да го поништиш

Најјаките фудбалски потези често пати доаѓаа од разно разни нисколигашки натпревари низ светот. Па ваков безобразен прием без да тапне, а потоа и волеј, ниту сме виделе, ниту ќе видиме повеќе.

Неверојатен слободен удар од пола терен

Галатасарај го совлада Трабзонспор со 2:1, а гостите го ублажија поразот со голот на сезоната во турското првенство. Поранешниот фудбалер на Милан Јуреј Кучка изведе слободен удар од паркинг како да е најнормална работа, а Муслера се испостави дека не е спремен за вакви шокови во судиско продолжение.

Полнолетен стана еден од најубавите голови во Премиер лига

На 26. март 2000 година, пред точно 18 години Вест Хем играше против Вимблдон. Марк-Вивиен Фое го пронајде Тревор Синклер, овој ја прими и упати убав центаршут до Паоло Ди Канио. А Италијанецот?

Еврогол во Пехчево ко за Лига на шампиони

ФК Кит Го Пехчево против Брегалница Голак, трета македонска лига - исток. Александар Ѓеоргиевски од гостинскиот тим најверојатно после овој гол има добиено нов прекар: Роберто Карлос.

Ван Перси и на 34 години покажа зошто е чиста класа

После долга 14-годишна одисеја во Лондон, Манчстер и Истанбул, Робин Ван Перси на 19. јануари се врати во својот роден град Ротердам и матичен клуб Феенорд каде во 1999-та ја почна фудбалската кариера. Има 34 години и уште има неверојатен сенс за топка.

Најубавите голови во светот минатата недела

Собрани во една колекција, маестрални погодоци кои паднаа на различни страни од Земјата. Уживајте.

Еврогол на Сити поништен - никој не знае поради што

Манчестер Сити синоќа му гостуваше на Кардиф во ФА Купот. Поведоа „граѓаните“ 0-1 со голот на Де Брујне во 8’ минута, а во 26’ Бернардо Силва упати ракета од 16-ина метри и постигна неверојатен погодок. Линискиот судија крена знаменце веројатно мислејќи дека Лерој Сане од офсајд влијаел врз играта и ја допрел топката.

Падна најубавиот евроавтогол

Па уште 90 пати да проба да ја удри вака, топката нема да заврши таму кај што заврши овојпат. Нереално.

Еврогол на син му на Клајверт

Ајакс долго време се мачеше со Вилјем II, губеше и со 0-1, за до крај да го скрши отпорот и да слави 3:1. Џастин Клајверт постигна еврогол.

Го видовте ли турскиот Роберто Карлос?

Буџаспор го победи Сиваспор со 1-0 и оди понатаму во турскиот Куп. Единствениот гол на мечот го даде бекот Абдулах Баликув којшто распали од мртов агол во стилот на Роберто Карлос. Буџаспор игра во третата турска лига.

Фалкао даде гол од паркинг

Некогашниот кандидат за „Златна топка“ и еден од најдобрите колумбиски фудбалери синоќа на мечот Монако - Каен во Купот на Франција постигна гол од преку 40 и кусур метри. Дами и господа: Радамел Фалкао!

Страшен еврогол во турската лига

Генчлербирлиги го победи Сиваспор со 4-0, а водечкиот гол кој го даде Петар Шкулетиќ во 12’ минута се најде на сите најавни шпици.

Голот број еден од баражите го даде Данец

Феноменалниот Кристијан Ериксен од Тотенхем синоќа со хет-трик на големо ѝ помогна на својата Данска да ја прегази Р. Ирска со 1-5 во Даблин и да се пласира на Светското 2018. Неговиот прв гол на мечот беше ремек дело.

Го уживавте ли голот на месецот во Премиер лига?

Го даде Антонио Валенсија во триумфот на Манчестер Јунајтед против Евертон 4-0. Еквадорецот распали уште во 4’ минута и заслужено ја доби престижната награда за гол на месецот.

Чудесија од гол падна во Мексико

Не би било неправедно ако луѓето од комисијата во ФИФА коишто ги номинираат кандидатите за „Гол на сезоната“ да го затворат годинешниот избор. Фудбалерот Амаури Еското од мексиканскиот тим Лобос БУАП постигна страшен гол против Чивас. Браво мајсториште!

Најлудиот гол викендов

Падна на мечот Алеманија Ахен - Вуперталер (4-1) во германската лига Запад. Го даде Липолд кој на домаќинот му донесе дуплирање на водството.

Двата најубави поништени гола во историјата

Едниот го дал Кевин Киген во 1981 година како играч на Саутемптон против Манчестер Јунајтед кога линискиот судија сметал дека Дејвид Армстронг претходно бил во офсајд. Вториот го даде Уругваецот Кавани на пријателската Барселона - Наполи при резултат 0-0 кога наводно Хамшик беше во офсајд. Кој од кој поубав.

Страшен гол на Руни на првиот меч за Евертон

Шпицот на Англија го одбележи своето второ деби во дресот на Евертон со лудачки гол од 30 метри на мечот против кенискиот шампион Гор Махија пред 35.000 гледачи во Танзанија.

Сте го виделе ли најсреќниот гол на сите времиња?

Сириецот Мотаз Салани кој во 2014-та играше за Ал-Ведат од Јордан, на мечот против Ал-Рамта го постигна најлудиот гол “шкорпион“ на сите времиња. Го прогласија за гол на годината.

Прв гол и ремек-дело на Ѓорѓев

Офанзивниот играч на швајцарскиот Грасхоперс повеќе го гледавме во А тимот отколку со неговите врсници, но тоа не му сметаше вечерва против Србија да го постигне првиот гол за У-21 селекцијата. И тоа каков гол!

Во Африка падна гол за наградата Пушкаш

Му легна к’о на поп сарма па не можеа да ја испратат ни камерите. Страшен гол!

Циндриќ пред 4 години работел на паркинг, а денес е европски првак

Хрватскиот „Јутарњи“ го октрива нетипичниот ракометен пат на неверојатниот Лука Циндриќ кој важел за талентиран фудбалер за кого бил заинтересиран Динамо Загреб, но татко му го убедил да го батали фудбалот и да му се посвети на ракометот.

Двата најубави гола во Лига на шампиони

Неверојатниот гол на Марио Манџукиќ во финалето на ЛШ против Реал е прогласен за гол на сезоната 2016/2017. Веднаш зад него е оној на Бразилецот Каземиро на меч против Наполи во раната фаза.