Таг: еврогол

Гол во Велење да се фатиш за глава

Во словенечкото првенство, Рудар од Велење со 4-2 ја декласираше Олимпија Љубљана, а третиот гол на мечот кој го даде младиот Марко Ихарош веројатно ќе биде прогласен за гол на сезоната во Словенија.

Страшен гол на Емре Чан од Ливерпул

„Црвените“ од Енфилд вечерва гостуваат кај Вотфорд, а резултатот во 47’ минута од првиот дел го отвори Емре Чан со неверојатни ножички.

10 години од најубавиот гол на Меси во кариерата

На 18. април 2007 година во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј Барселона го пречека Хетафе. По голот на првиот дел Каталонците водеа со голот на Чави, а во вториот дел 19-годишниот Лионел го постигна најубавиот гол во кариерата по сопствено признание. (Приметете го Ето како се држи за глава на крај).

Фудбалер на Андерлехт го повтори голот на Златан

Софиан Хани е 26-годишен играч од средината на теренот на Андерлехт. На синоќешното гостување во Остенде, Хани ја издрибла целата одбрана на противникот и постигна фантастичен гол.

Магичните потези на Роналдињо во Барселона

Легендарниот Бразилец кој денес полни 37 години дебитантскиот гол за Барселона го постигна на 3. септември 2003-та година против Севиља. Ја зема топката од својата половина, направи слалом меѓу противниците и со бомба од преку 30 метри постигна маестрален гол. Од тој момент не престана да блеска во тимот од Камп Ноу.

Надреален гол на Гризман

Атлетико Мадрид одигра 1:1 со Депортиво на гости, а Гризман го постигна голот кандидат за погодок на сезоната во Примера. Можеби најубав гол на годината во Шпанија.

Нова бомба на капитенот на Андерлехт

По двата страшни гола во две минути минатото коло, капитенот на Андерлхет Јури Тилеманс синоќа пак го натера цел стадион да се држи за глава. Бриселците го добија Генк со 2:0.

Во 96-та минута да ја решиш со рафал од 35 метри

Во мечот од 22. коло на германската трета лига меѓу Дујзбург и Минстер (3:2), играчиот од средниот ред на домаќините Фабиан Шнелхард во 96-та минута постигна спектакуларен гол.

Денот кога Анри се врати и расплаче стари луѓе

На 9. јануари 2012. година, Тиери Анри повторно го облече најсаканиот дрес како позајмен играч од Њујорк Ред Булс. „Тити“ тогаш имаше 34 години, влезе од клупата и постигна гол во негов стил со пласиран шут. Стадионот полуде а некои навивачи и плачеа од среќа. „Не мислев дека ќе се вратам, се вратив. Не мислев дека ќе играм, а играв. Не мислев дека ќе дадам гол, а дадов“, изјави Анри за својот најомилен гол во дресот на „Топџиите“.

Лобот на Тоти против Интер во 2005-та

Рома му гостуваше на Интер во големото дерби на „Џузепе Меаца“ и славеше со 2:3. За водство од 0-2 тогаш Ил Капитано постигна маестрален гол и преку 80.000 луѓе станаа да му аплаудираат.

Кантона и господската прослава на голот

На 21 декември 1996. година, пред точно 20 години, Јунајтед со 5:0 го згроми Сандерленд. На тој меч ефектен гол даде Ерик Кантона и го прослави многу фраерски.

4 години од страшниот гол на Ибрахимовиќ за Шведска

„Пола Златен - пола наверојатен“ беше еден од највпечатливите наслови тој 14-ти ноември 2012 година кога Ибрахимовиќ го постигна можеби најубавиот гол во историјата на фудбалот. Пријателска играа Шведска и Англија, Швеѓаните добија 4-2, а Ибра ги даде сите четири гола.

Голот на сезоната го даде Муса Со против Манчестер Јунајтед

Само што почна дербито на вечерта во Лига Европа меѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед, напаѓачот на тимот од Истанбул Муса Со постигна нереален погодок.

На 18 години да му дадеш еврогол на најдобриот во свет

Мануел Локатели има 18 години. За првиот тим на Милан одигра 2 средби и постигна 2 гола (првиот со Сасуоло) од кои еден страшен, на дербито против Јувентус. Токму неговиот гол му ја донесе победата на Росонерите кои сега се втори со само два бода зад Јувентус.

Најубавиот гол што Мексико го видел

На 11. октомври пред три години во претпоследното коло од квалификациите за Мундијалот во Бразил играа Мексико и Панама. Мексиканците се бореа за гол живот и само победа ги оставаше во игра за Светското. Славеа 2-1 со неверојатен гол на Раул Хименез во 85. минута. Со тие три бода и победата на САД во последното коло против Панама во 94’ минута, Мексико се пласираше во Бразил.

Нереален волеј во Украина за хет-трик

Олимпик Доњецк со 3:0 го совлада попознатиот Днипро во украинското првенство. Ај што трите гола ги даде сам, туку еден од погодоците на Андриј Богданов сигурно ќе влезе во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш„ за најубав гол.

Гол на колото за слаба утеха

Лил на домашен терен загуби убедливо со 1-4 од Монако, а почесниот еврогол за домаќините го постигна Жулиен Палмиери во 90’ минута од средбата. И тоа каков!

Шкотскиот Синиша постигна три евро гола

Том Хенлон игра десен бек за шестолигашот Полок  Џуниор од Шкотска. На мечот против Нилстон постигна три неверојатни гола и стана наследник на Синиша Михајловиќ чии три гола од слободен удар во дресот на Лацио се незаборавни.

Од пола терен еврогол во агол

На синоќешниот меч од Лига Купот, Шон Вилијамс од Милвол на неверојатен начин го израмни резултатот во дербито против Нотингем.

УЕФА го прогласи најубавиот гол на Европското

Помалку изненадувачки, УЕФА го одбра голот на Унгарецот Золтан Гера против Португалија (3:3) за најубав гол на Европското првенство. Играчот од средината на теренот стрелаше прецизно во 19. минута од мечот против првакот. Сите очекуваа голот на Ѓердан Шаќири да биде прогласен за најубав. На 11-ти јули Антоан Гризман беше прогласен за најдобар играч на првенството.

Бириндели и најјакиот звук на пречка-гол

Легендарниот десен бек на Јувентус, Алесандро Бириндели за Старата дама играше цели 11 години и на 196 меча постигна само два гола. Едниот од нив вреди за сите натпревари.

Избран голот на сезоната во Германија

Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.

Бербат голот на Димитар Бербатов

Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.

Еврогол на Тричковски на Кипар за АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна фантастичен гол и му донесе важна победа на неговиот АЕК Ларнака во борбата за титулата со АПЕОЛ. Ларнака сега има 68 бодови, а АПОЕЛ, поранешниот клуб на Иве има 72.