Таг: еврогол

Еврогол со ножички во 90-та минута

До 85-та минтуа од дербито Индепендиенте - Расинг Клуб немаше голови. А тогаш домаќините поведоа 1:0 и кога беа пред освојување три бода, Лисандро Лопес со фантастични ножички на истекот на 90-та минута постигна неверојатен гол за 1:1.

Суарез од паркинг

Нема ден да помине а некој од триото Меси-Суарез-Нејмар да не направи ново чудо со топката. По Аргентинецот пред некој ден, сега Уругваецот покажа дека докторирал на тема гол од позади ограда.

Еврголот на Бобо Виери, преведувачот и Ферарито

Кристијан Виери беше синоним за врвен шпиц и имаше карактеристики кои му овозможуваа да ги решета мрежите од секоја позиција. Буквално од секоја, како против ПАОК во Купот на УЕФА, гол за кој добил Ферари.

Како тоа не играл за репрезентација?

На мечот Фулам - Астон Вила во 2003. година падна голот после кој требаше веднаш да се избере играч на годината, гол на годината, репрезентативец и сè по ред. Дами и господа: Џон Харли.

Голчиште на Чаби Алонсо

Цели 40 минути Баерн Минхен не можеше да го скрши отпорот на Дармштад во Купот. Тогаш на сцена стапи шпанскиот репрезентативец кој се реши да распали една топка и постигна неверојатен гол.

Најубавиот гол во Лига Европа

Братот на попознатиот Џовани дос Сантос, Џонатан го постигна најефектниот гол на колото во Лигата на Европа синоќа. Неговиот Виљареал одигра 3:3 против Плзен во Чешка и оди понатаму во следната фаза.

Да ти е жал да ги поништиш головиве

Колку пати ви се случило некој еврогол да ве стане од фотељата, а потоа да кревате раце и да го пцуете судијата што го поништил поради офсајд? Еве ги најубавите голови поништени од разни причини.

Пушкаш голот на годината доаѓа од Јапонија

Не е Златан, не е Меси, ниту Кристијано Роналдо. Голот на годината падна на средношколски натпревар во Јапонија меѓу екипите на Сакујо и Тамано-Конан. Ако има правда во ФИФА, голов мора да ја добие наградата за најубав на годината. Погодокот добива на тежина што падна во 94-та минута од мечот.

Голчиште, голиште, голчина

На дербито Сион - Грасхоперс во Швајцарија, Мунас Дабур постигна гол после кој сите гледачи се држеа за глава со едно прашање: Дали е можно?

30 евроголови за септември

Деветтиот месец од годината донесе 30 евроголови, а некои од нив беа спектакуларни. Ефектни голови паѓаа на сите континенти.

Нереални ножички за еврогол во Кина

На мечот Шангај Шенуа - Шангај Ист Азија, Колумбиецот Џовани Морено го постигна најубавиот гол во кинескиот фудбал сезонава. Колку ефектен гол даде Морено покажува и рекацијата на Демба Ба кој игра за Шангај Шенуа.

Ефектен гол по тимска игра

Фудбалерите на Вердер дадоа 24 голови на последните 6 пријателски средби. Голеадата не ја избегна ниту Севиља која загуби 3:1. На тој натпревар падна можеби и голот на предсезоната.

Најдобрите 20 голови со ефе

Легендарниот гол на Роберто Карлос не е единствен таков во историјата. Голови со големо ефе кога топката фаќа кривина паѓаа во неколку фудбалски шампионати во светот.

Гол на деценијата во Загреб

Динамо Загреб во саботата го декласираше Интер Запрешиќ со 5-1. Три гола постигна Армин Хоџиќ, а погодокот кој го постигна во осмата минута беше нешто што се гледа еднаш во 10 години.