Таг: еп 2024

Италија на ЕП 2021 vs Италија на ЕП 2024

Нè копкаше да видиме во што се разликува Италија од пред три години и сега, за од европски првак да падне толку ниско и што ќе видиме. Скоро никој да нема од шампионите. Двајца без тројца.

Денот ни го направи видеово од ЕП 2024

Добро побогу од каде идеиве и кој се занимава со вакво нешто за време на ВАР ситуации? Генијалци.

Најгневниот италијански навивач на ЕП 2024

Веќе неколку дена траат критиките на адреса на италијанската фудбалска репрезентација која како бранител на трофејот се посрамоти во Германија. Ама никој не го искажа револтот како овој. Во прашање е свето нешто.

Добри поенти за (не)успесите на Пикси

Дарјан Недељковиќ од Моцарт спорт со едноминутно хируршки прецизно излагање.

Статус на денот кој кратко и јасно го опишува Европското

Швајцарија до 92-ра имаше победа над Германија, а во осминафинале ја елиминираше Италија. Англија ја победи тенко Србија и се спаси во 95-та минута со Словачка. Франција е четвртфиналист со два автогола и пенал. Белгија загуби од Словачка и е веќе елиминирана, Грузија ја победи Португалија, која пак се извади со Словенија на пенали. Хрватска не победи никого, а во топ 8 се наоѓа Турција. Доволно е? Поранешниот македонски репрезентативец, Панче Ќумбев без филозофирање и со една реченица ги констатираше фактите на ЕП 2024.

Австриските навивачи и рандом бабата

Симпатични сцени од Лајпциг забележани пред мечот меѓу Австрија и Турција. Австријците здогледуваат баба на балкон, ѝ мавтаат и сите во хор и скандираат да возврати на поздравот. Мисијата е успешна, забавата спонтана.

Големо турско славје во Скопје, цели улици блокирале

Победата на Турција против Австрија во осминафинале на големо се славеше во Турција, се разбира во Германија, но и во Македонија. Под стоковна куќа Мост не можело да се помине со кола.

Нема поминување со коли, Турците слават четвртфинале

Не е секој ден Велигден селекција како Турција да се најде во топ 8 во Европа. Четвртфинале не видоа селекции како Италија и Хрватска. Плус знаејќи ја нивната страст за фудбал, сцениве се најнормални за досегашниот успех во Германија. Второто видео е од Келн.

Овие се редари или дивјаци?

Не знаеме што правел навивачов за време на мечот меѓу Португалија и Словенија, само знаеме дека не курчи силеџиство, особено вакво кога пет души млатат еден. Што им е работа на овие, да исфрлат некој од стадион ако прави бељи или да се испразнат врз него?

Херојската интервенција на Гунок во 95-та минута со турски коментатор

Дефинитивно помалите репрезентации на ова ЕП одиграа поинтересен фудбал со поголема жар и борбеност. Денеска репрезентациите беа многу поконкретни во напад за разлика од некои манекени. Холандија имаше 24 удари кон гол, а на вториот дуел Австрија 21. Но победи Турција со двата гола на дефанзивецот Демирал и одличниот Мерт Гунок кој ја направија една од најјаките одбрани на турнирот и ја спаси звојата земја од продолженија.

Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија

Момците на Винченцо Монтела ја израдуваа фанатичната фудбалска јавност во Турција и го обезбедија третото четвртфинале во историјата на ЕП. Демирал како стопер ја реши Австрија со два комада од кои првиот во 58-ма секунда. Ќе имаат силен противник, а тоа е Холандија која на моќен начин со 3:0 ја збриша Романија.

Море Французите се добри на ова ЕП, претходното само со еден автогол го истуркале

Финалистот на двата последни Мундијали од кои едниот и го освои е непрепознатлив на Европското во Германија. Недопадливи, неатрактивни и посебно неефикасни и тоа со Мбапе, Гризман, Турам, Жиру, Дембеле.

Е боли кога ќе те удри воздухот, колку конци ти ставија?

Не сме воопшто среќни и задоволни со неефикасниов и кулкулантски фудбал на Европското на кој освен Шпанија и еве Германија, никој ништо не одигра од фаворитите и ѕвездите. Подобро да поминеа Словачка и Словенија. Од ваквите па дерман нема.

Диого Коста ги одбрани сите пенали и ја однесе Португалија во четвртфинале

После незадоволителни 120 минути фудбал со најнепопуларниот резултат, Португалија ја елиминира Словенија на пенали 3:0 и стигна до четвртфинале каде ќе се соочи со Франција. Промашија Иличиќ, Балковец и Вербиќ, погодија Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.

Калкулантски фудбал на гигантите, Франција пак се извади со автогол

Не задоволува некако квалитетот на фудбалот на ова Европско. Светскиот првак од 2018-та и вицепрвак од 2022-ра игра под секое ниво, целосно зарибани во напад. Станаа петти четвртфиналисти со триумф над Белгија од 1:0 остварена во 85-та минута. Стрелец Вертонген или во превод вкупно деветти автогол на овој турнир. Французите како едни од главните фаворити за трофејот стигнаа до топ 8 со пенал и два автогола.

Грузијците треба да бидат горди

Прв пат го осетија чувството наречено Европско првенство и уште на дебито направија сензација. Победа над скапата Португалија и пласман во осминафинале. Па уште имаа и водство над Шпанија. Нема за што да жалат. Се претставија борбено, со многу жар и желба, многу поголеми од некои други репрезентации кои се посрамотија. Навивачите тоа го гледаат и го ценат.

Заврши Европското за симпатичната Грузија, Шпанците се немилосрдни

Ако некоја селекција може да се издвои како најсериозен кандидат за европската титула, тоа дефинитивно е Шпанија. Единствена со 3 од 3 во групна фаза, а потоа висока победа од 4:1 против Грузија, крунисана со убедлива игра и прв примен гол на ЕП. Екстра класа репрезентација со опасна младина во налет. Четвртфиналето ќе им биде прв сериозен испит, бидејќи противникот се вика Германија.

Овие па си отидоа пред мајсторијата на Белингем

Словачка до 95-та минута имаше сензационални 0:1 против Англија и пласман во четвртфинале. Белингем израмни со ножички, а Хари Кејн ги постави конечните 2:1 уште на стартот од продолженијата. Затоа се седи на стадион до крај.

А ја видовте ли шансата на Словачка од пола терен за 0:2?

Содржаен беше третиот осминафинален меч меѓу Англија и Словачка, со многу шанси и вкупно три голови. За малку можеше да биде и кобен за Англичаните кои во 55 минута се спасија од негатива од 0:2. Давид Стрелец се обиде од пола терен да го изненади Пикфорд.

Им фалеше Јуве

Италија е четирикратен светски и двократен европски првак. Читател ни прати евиденција за тоа по колку репрезентативци имал Јувентус кога ги постигнувале овие успеси. И во право е човекот. Спалети во прв тим против Швајцарија ги имаше Киеза и Фаџоли, против Шпанија и Албанија само Киеза, а против Хрватска ниту еден играч на Јуве во првите 11.

Германија е Германија, заверија четвртфинале

Далеку понеизвесен, поинтересен и поатрактивен беше вториот меч од осминафиналната фаза на ЕП. Домаќините славеа 2:0 со вкупно 17 удари од кои 10 во рамки на гол, за разлика од Италијанците кои првиот шут го имаа во 72-ра минута. По еден поништен гол со ВАР на двете страни, како и 25 минутен прекин поради невреме.

Ариведерчи Италија, антифудбал играат

Актуелниот првак на Европа капитулираше во нокаут фазата и со пораз од Швајцарија од 2:0 си ги пакува куферите за дома. Безлична, безидејна и немоќна Италија која го бележи првиот пораз во 11-то осминафинале на Европските првенства. Очај и бламажа e нивниот настап на ова ЕП. Стрелци Ремо Фројлер и Рубен Варгас. 

Швајцарија има 2:0 со голчиште по само 28 секунди игра

По слабото прво полувреме и негативата од 1:0, Италија не можеше полошо да го стартува вториот дел. Прими уште еден гол на самиот старт, дело на Рубен Варгас кој со прекрасен удар го матираше Донарума.