Таг: еп 2020

Италијанките тоа го прават најдобро

Имаме голем пропуст после полуфиналето Италија - Шпанија. Сме го испуштиле најјакото славје на жабарите.

Гаф на новинарка на пресот на Италија

Италијанска новинарка го прашува Барела да и ја опише магичната ноќ од Мундијалот 90-та. Знам дека си имал тогаш само 7 години му вели таа, а тој и одговара дека се родил 7 години подоцна, односно во 97-ма. Само 14 години е нејзиниот промашај..

Типичен англиски навивач

Дебел, тетовиран, пијан и гол. Нели? И крајот се знае каков ќе биде, ама не ви го кажуваме.

Пица на денот во англиско - италијански стил

Да сме ние во прашање би ја сквернавеле со ајвар, едно 15 ќебапи и пол кило кромид, ама сега им оставиме простор на финалиститите да видиме како тие би ја одиграле заедно. Секој според својата кујна нели?

Аман дај го Џорџо

Фативме да му броиме колку пати кажа дај Џорџо, дај Џорџо, дај Џорџо. 47 пати, а едно време на сец го фати. Тоа е таа италијанска страст за фудбал додека Жоржињо го изведуваше пеналот против Шпанија вреден финале.

Како се вика најдобриот стрелец на ЕП 2020?

Автогол. Тоа е “фудбалерот“ кој треба да ја добие Златната копачка на овој турнир. Им бега 6 гола на Роналдо и Шик, а може да го стигне само Кејн, ама ако даде 7 гола во финале.

Девојчето кое доби дрес од Мејсон Маунт

Ниту една петка во школо, ниту една симпатија, ниту еден одмор со другарките, ништо не е повозбудливо од чувството да имаш оригинален дрес кој го носел некои од твоите идои. Хит стана нејзината реакција.

Падобранец во ВАР собата на Вембли

Гори Твитерот и Фејсбукот после големата судиска неправда која синоќа и се случи на Данска. За пеналот реагираат и медиумите и разни фудбалски имиња, а кога веќе работата е завршена некои почнаа и да се мајтапат со моќта на Англија.

Со две топки се одигра акцијата клучна за финале

Ние се смееме на мак фудбалот, кога неодамна имаше циркузи со повеќе од една топка на терен, а тоа да ти проаѓа глатко и на едно Европско првенство и тоа во полуфинале.

Нова 120 минутна драма и прво историско финале на ЕП за Англија

Вембли е во транс, а и цела Англија откако нивните фудбалери за прв им го пружија задоволството да ги гледаат во финале на Европско првенство. Иако беа фаворити се изнамачија и дури во продолженија ја елиминираа Данска. Израмнија со автогол, а победија со многу контроверзен пенал.

Им касни преносот, чекај ќе ги снимам

Полуфиналето во Данска се гледа во секое ќоше, па дури и на улица меѓу две згради. Данец кој го следеше мечот од дома, сконта дека на навивачите надвор бајаги им касни преносот, па им ги снимаше реакциите прво кога се радуваа за 1:0, а потоа кога беа очајни поради автоголот на Кјаер.

Двете јуначки интервенции на Шмајхел

Данска извади 1:1 во регуларните 90 минути и го издржа жестокиот протисок на фаворитот. Англичаните имаа посед, но и две доста сериозни шанси за да ги избегнат продолженијата, особено приликата на Стерлинг во првиот дел.

Еврогол на Данска за прв погодок на ЕП директно од слободен удар

Заврши серијата на Џордан Пикфорд од седум натпревари без примен гол, а му ја прекина Микел Дамсгард во 30-та минута со мајсторија од слободен удар. Гледаме одлични први 45 минути на Вембли. Англичаните се вратија по само 9 минути за 1:1 на полувреме.

Виери и Матри во делириум за финалето на Италија

Алесандро беше привремен репрезентативец на Италија, а Бобо освои две ЕП по ред со У-21, во 1994-та и 1996-та и учествуваше на сениорското 2004-та. Виери со Роберто Баџо и Паоло Роси се најдобри стрелци за Италија на Мундијалите со по 9 гола. Кафански ја тераа вчера и ептен беа среќни.

Шмајхел ги истрола Англичаните за "It's coming home".

Нивната славна фраза ја верглаа на Мундијалот 2018-та ама зарибаа во полуфинале против Хрватска. Сега повторно стигнаа до топ 4 и сонуваат трофеј половина век, што е премногу за земја од каде потекнува фудбалот. Каспер им го спушти.

Италијанците во Бруклин беа најјаки

Италијанското лудило за влезот во финале го имаше и во САД. Навивачи го блокираа автобусот, еден му се испентари на кров, па дошло до викање полиција, арно ама се снашле и викаат дека со 7 колачиња успеале да го предомислат шоферот.

Комшија не пуштај балкон, таман е

Го имаме најинвентивниот фудбалски фанатик во Македонија за кој нема зорт тоа што нема двор. Густата скопска населеност нуди страшно добри можности за гледање Европско на “голем телевизор“.

Ова што го игра Италија не е катеначо, личат на Барса на Гвардиола

Шпанските весници не штедат зборови за играта и концептот на Роберто Манчини. Триото Барела – Жоргињо – Верати го споредуваат со нивното Чави – Бускетс – Иниеста, кои ја освоија и Европа и светот.

Чиро го крена Инсиње во раце за да го дофати Донарума

Како беше она кога ќе се вратиш од бербер? Пролет, лето, есен, зима. Џиџо се средил за вечерашното полуфинале, па го маваа од позади, а најјако беше кога Имобиле му помагаше на Инсиње. Инаку напаѓачот на Наполи е 8 години постар од голманот на Милан, ама 33см понизок. 163см има Лоренцо, а Донарума е висок 196см.

Како да гледаш Европско на вечера со жена ти?

Овој сигурно барал и љубов вака да водат.

Убавата акција за гол на Данците од птичја перспектива

Кој би рекол дека ќе станат полуфиналисти и тоа после два порази на стартот и оној шок дека може да го загубат Кристијан Ериксен. Ама играат мотивирано и организарано дечките. Може акцијава за голот на Каспер против Чешка изгледа едноставно, ама во пракса не е така.

Емотивниот повик на Мурињо до Пандев во автобусот на македонската репрезентација

Некои можеби уште не се свесни колку големо фудбалско име во Европа е нашата легенда која на 37 години ја однесе Македонија на Европско. Пази му се јавил Жозе во Букурешт на видео повик и тагувал за неговото репрезентативно пензионирање.

Дебакл на Украина, Англија броеше до четири

Со доминанта и моќна партија, селекцијата на Англија ја декласираше Украина и ја потврди фаворитската улога во последниот четвртфинален меч на ЕП. Два гола на Хари Кејн. Три од четирите погодоци ги дадоа со глава, што е рекорд на едно Европско.

Делириум во Копенхаген на головите на Данска

Данска стана хит на ова Европско. Почнаа со два порази и со само еден триумф ја преживеаа групната фаза и еве ги сега со изненадувачки пласман во полуфинале. Кој вели дека се ладни скандинавците? Со пива се гаѓаа.