Таг: Џо Бајден

Џо Бајден е Хилари Клинтон на 2020-та

Само што ја официјализираше својата номинација Бајден беше пречекан од бараж критики и негодувања од луѓето што треба да се на негова страна. Главно, проблемот е што човекот им е премногу општ, премногу веќе видено и има премногу багаж натоварен низ цела негова кариера.

Џо Бајден е Хилари Клинтон 2.0

Ако се гледа според популарност (Бајден моментално води) и ако се гледа според неговите постапки (најави дека за неколку недели ќе каже дали ќе излегува на избори и дека може уште сега да објави кој ќе му биде заменик претседател), изгледа како Демократската партија да се подготвува да го номинира поранешниот потпретседател за противкандидат на Трамп.

Пишманот на Бајден

За време на говор во колеџ во Њујорк, поранешниот американски претседател им се отвора на студентите дека сепак му е жал што не се кандидирал за претседател на САД, порачувајќи „можев да победам“.

Разумност во 2 минути

Бајден за време на една од потпретседателските дебати пред 4 и кусур години, ставен меѓу неговиот избор на црква и ставот на истата оваа црква во однос на абортусот.

Џо Бајден меме на денот

Актуелниот потпретседател на САД, за време на кампањата во еден момент порача и дека би сакал да се проба со Трамп, еден на еден. Ова уште го држи и кога завршија изборите, и никако не му оди да му ја даде Белата куќа на новиот претседател.

Деновиве пред години, Бајден за Србија и Србите

РТ го потсетува Бајден, а и Србите, што мислеше и што збореше овој за Србите во 90-те. Нешто во рамките, треба да ги: бомбардираме / окупираме / ставиме во концентрациони логори.

Бајден де факто го поддржа Сандерс

Од комплетен лузер, берни Сандерс дотурка до тоа да добие неочекувана а многу важна поддршка од Џо Бајден. Да, тој Бајден.

Зборовите како штаки

Додека новинарите ги анализираа разликите помеѓу пишаниот говор на Клинтон и она што тој навистина го кажа, восхитувајќи се на неговата способност за импровизација, Џо Бајден изгледа го надмина. Но тоа не е најинтересното во врска со неговиот говор.