Таг: џихадисти

Младите Американци што се приклучија на ИСИС разочарани од пакет-аранжманот

Отидени во Сирија со цел да живеат заедно со истомислениците од цел свет и да добијат џихадистичка воена обука, американските ИСИС аџии најчесто завршувале со домашни обврски како купување намирници, фрлање ѓубре или грижа за ранетите соборци кои закрепнувале.

Французинот што стана џихадист

Пишувајќи за француската владина програма за искоренување на тероризмот преку образование на ризични групи млади луѓе на тема историја, филозофија, литература и религија, новинарката на Атлантик ја раскажува приказната за родениот Французин кој стана дел од ал-Каеда.

Нападот во Париз може да е пресвртницата за Ле Пен

Синоќешното убиство на полицаец во Париз би можело да ги сврти француските избори во корист на Ле Пен. Баш ова е посакуваниот исход за ИСИС, кои од изборот на Ле Пен се надеваат дека ќе можат да извлечат граѓанска војна во земјата.

Гризман му подари топката на детето на убиениот полицаец

Најдобриот француски играч на Европсково, Антоан Гризман му ја подарил топката од мечот против Ирска на кој даде два гола, на Иго Салванг. син на Жан-Баптист Салванг, полицаецот кој бил убиен пред две недели од џихадистите.

Зошто толку џихадисти доаѓаат од Белгија?

Од околу 3.000 членови на ИСИС од Западот над 10% доаѓаат од Белгија, што е најмногу џихадисти по глава на жител во споредба со кој било друга држава од околината. Германија што има 8 пати повеќе жители од Белгија, има само 70 џихадисти повеќе во ИСИС.