Таг: душан влаховиќ

Влаховиќ на 10 години да ти бил појак од Меси

Клипот почнува со ножички ала Пеле, а потоа ја дроби цела одбрана нешто како оној епски гол на Златан во Ајакс, а и така личи со конституцијата спрема другите, како џин. И додека да се свестите од првиве две лудории, малиот Душан ќе ве фрли во транс со уште ред други топ потези, дриблинзи и бомбастични удари. Да потсетиме, 10 години има тука. Какво талентиште.

Коментар на место

Ниту ќе го убијат, ниту ќе го нападнат. Јаки се само на спреј. Во реалноста Влаховиќ ќе мора да се соочи со грди пароли, скандирања мајки, шајки и свирежи, тогаш кога ќе се врати во Фиренца во друг дрес, најверотно оној на Јувентус. Сè друго е само јачање на ултрас ликови кои никогаш не барале ферка со играчите, туку со оние од гостинската трибина. Да бидеме реални.

Смртни закани за Влаховиќ пред Артемио Франки

Трансферот на големиот српски талент е сè поблиску, а тоа страшно ги боли навивачите на Фиорентина, бидејќи изгледа дека ќе се оствари во нивниот душман Јувентус. Плус ќе нема кој да дава голови.

Нова мајсторија на Влаховиќ и два гола од слободен на Бираги

По заминувањето на Шевченко Џенова го доживеа највисокиот пораз сезонава во Серија А од 6:0 во Фиренца. Бекот Кристијано Бираги направи двојно шоу од слободен удар, а Душан Влаховиќ го запиша голот број 17 со врвно одиграна завршница.

Влаховиќ нема ни да им крене телефон на Арсенал

Не е лесно да си навивач на Арсенал. Едно што треба да патиш поради резултатите, а друго што треба да се објаснуваш со навивачи на појаки екипи и да ти е глупо кога ќе се појави предвидување како ова горе.

Него што е со Душан Влаховиќ?

Деца со опасен потенцијал и огромен талент од генерацијата 2000-та и околу неа хараат нив Европа. Не се само Мбапе и Халанд. Српскиот центарфор на Фиорентина е како ураган, пишува Газета. Стана миленик на навивачите на Фиорентина, но од неодамна почнаа да го свират и пцујат, бидејќи одби да потпише нов договор. Кој знае каков трансфер ќе лапа.

Како тоа 7 гола за 35 минути?

Се сеќавате кога Левандовски за 9 минути му даде 5 комада на Волфсбург, а Гвардиола се држеше за глава? Епа Душан начека нисколигаш и го наполни со 7 за едно полувреме.

Центарфорот на Фиорентина пред да биде позитивен

Младиот српски центарфор Душан Влаховиќ е меѓу неколкуте фудбалери од Серија А кој беше позитивен на Ковид-19.

Ова Душанов не се остава еден на еден

Колку само млади деца излегуваат и импресионираат со начинот на кој ги решаваат мечевите. Душан Влаховиќ од Фиорентина го запознавте ли? Погледне со каква кифла ги попари Наполитанците. Гатузо пак го држеше Елмас на клупа. 

Контрата и голот на Фиорентина во 92-ра се врв

Имаа водство на непријатното гостување во Фиренца 84 минути и држеа два бода предност пред Јуве. Сè тоа падна во вода кога еден нов клинец ја прими на центар и одигра дрска соло акција, без пардон што покрај него трчаше Милан Шкриниар, а бранеше Хандановиќ.