Таг: дриблинг

Ако се молат 22 играчи, тогаш треба да заврши нерешено

Неверојатниот Холанѓанец три пати ја добиваше Златната топка за најдобар играч и како таков одлично ја познава фудбалската заедница.

Скаути посетете го детево

Џабе што е две глави поголем од него. Малиов направи чудо од потег со кој го натера да седне и да се држи за глава од мака.

Дриблинг на колото кој исфрли 5 души од игра

Французинот Бен Арфа со два пенали во второ полувреме направи целосен пресврт за победа на Ница над Анжер од 2:1. Пеналите беа за бодови, а ова другово за аплаузи.

Најдобрите дриблинзи на годината

Пуштете плеј и тргнете ги рацете од тастатура. Следува компилација на еден тон измонтирани дриблинзи кои правеле дар мар изминатава година. Која мајка загубила дете со топка, ќе го најде на видеово како дрибла. Сите се тука и сите знаат да дриблаат.

Ќе го пратиме локалецов на Инстаграм

Голманот на Јужна Африка, Итумеленг Куне објави две видеа од еден фудбалски терен или обид за фудбалски терен. Позитивно на видеата е еден мангуп кој им продава стварно добри финти на противниците. Го има и него на Инстаграм со уште такви видеа, а вистинското име му е Sibusiso Msibi и има 21 година. 

Кога ќе излезеш еден на еден со голман

Секој напаѓач најмногу на свет ги сака ситуацииите еден на еден со голманот. Некој се решава да шутира од прва, некој го дрибла голманот, а некој од страв знае да се сплетка. Постои еден ризичен дриблинг кој е многу атрактивен.

Кога чичо ќе ти го испие мозокот со заврзани очи

30 беспрекорни секунди со стариот кој ќе му ја сокрие топката на цело маало. Толку е добар што ќе помислите дека во него се кријат Роналдо, Роналдињо и Ибрахимовиќ заедно.

Дефиниција за праќање по цигари

Ако некој треба да добие награда за дриблинг на деценијата, тоа сигурно е нисколигашов од Шпанија кој пола тим го исфрли од игра.

Жонглерските способности на Стерлинг на 15 години

На 7 години од Јамајка дојде во Англија и почна да игра фудбал во школата на Квинс Парк Ренџерс. Замина за Ливерпул каде играше 5 години, а летово стана најскапиот англиски фудбалер во историјата откако потпиша со Манчестер Сити за 49 милиони фунти.

Блокади, дриблизни и цепелини на Евробаскетот

Средбата меѓу Србија и Италија која заврши 101:82 ги донесе најатрактивните потези во шестиот ден на ЕП 2015. Расположени за шоу беа Недовиќ и Калиниќ, а најинтересниот дриблинг го направија Украинците.

Роналдо и Меси учете од детево

Се вика Фернандо Каго, има 20 години и игра за вториот тим на Валенсија. Голманот го изработи како бавча со само еден маестрален потег.

Сам против сите

На пријателската меѓу Њукасл У21 и Јонг Ајакс, Словенецот Харис Вучкиќ покажа како изгледа кога полнолетни фудбалери на терен паѓаат како деца во парк.

Аплауз за најмодерниот дриблинг на денешницата

Ако му веруваме на графитот ФК Искра, тогаш се работи за видео од црногорската прва лига. Многу ни е криво што не успеа да даде гол, да видиме како се радува.

А ќе ја викаа Меси

Рамона Бахман од Швајцарија за малку не влезе во конкуренција за гол на Светското фудбалско првенство откако направи слалом од половина терен и стигна до гол. Последниот потег и го уништи цел труд.

На часови по дриблање кај Брунињо

Вториот дриблинг веројатно ќе го сконтате од прва, ама првиот сам ќе ве натера да го измотате повеќе пати. Брунињо игра во втора лига во Данска.

Како се вика дриблингов?

Во претходното коло од Примеира, Бенфика го совлада Национал 3:1, во натпревар на кој потегот на мечот го имаше Салвио. Во фудбалските учебници уште нема израз за овој дриблинг.

Колумбиски бек во стилот на Зидан

Едер Алварез Баланта (22) од Риверт Плејт е таргет на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул. На официјалниот сајт на ФИФА е опишан како брз и вешт лев бек, силен во воздушни дуели и страшен во лизгачки стартови. На меч од Копа Либертаторес покажа и уште нешто кое фали во описот.

Роналдо на часови по дриблање кај Меси

Најдобриот фудбалер на планетата за минатата година, не е во друштво ниту на најдобрите 20 дриблери во Европа, а подобар од него има и Бразилец од Хофенхајм.

Ако ја згрешеше ќе јадеше ластици

Ваков рискантен потег (термин кој го користеа постарите коментатори) на маалски фудбал правеа тие што беа себични и што сакаа да ја влечат топката од едниот до другиот гол.

Дриблинг без топка

Ако не знаете како во маало да кршите кичми или да праќате по цигари, научете ја финтата од Лукас Мура од ПСЖ.

Го имаме ли дриблингот на сезоната?

Џордан Ботака од Ексцелзиор направи потег кој заслужува да го погледнете повеќе пати. Ние уште не знаеме како десното крило го изведе тоа.

Магијата на Херера

Фудбалерот на Порто растура со атрактивни дриблинзи во дресот на Мексико. Синоќа вешто измами дефанзивец на Панама, а претходно од игра исфрли двајца Чилеанци.