Таг: дриблинг

Сте виделе ли поупорен фудбалер?

Николас Алтамарино е едно жилаво и упорно дете од Чиле, кое запна како ова да му е последен напад во кариерата. По оваа чудесна акција успеа и гол да даде, ама на крај едвај собра душа за да стане.

Нов дриблинг од учебниците

Пауло Енрике Чагас де Лима познат како Гансо е авторот на оваа фора, слична на оние на Нејмар, Роналдињо и останатата банда која е израсната во Бразил со топка. Милан и Рома се само дел од европските екипи кои го посакуваат 24 годишниот член на Сао Паоло.

Цела одбрана ја прати по цигари

Педро Рамирез Замора од Венецуела со иста финта не измами еден или двајца, туку четворица противнички играчи со се голманот.

Нова магија на Роналдињо

Легендарниот Роналдињо не престанува да воодушевува и на 34 години во дресот на Атлетико Минеиро. Тој на натпреварот против колумбискиот Атлетико Насионал во рамките на Копа Либертадорес демонстрираше како се изместува противнички играч.

Нејмар падна на своја финта

Бразилецот Нејмар е познат по своите дриблинзи, а посебно по протнувањето на топката низ нозете на противникот, но и тој знае да наседне на истата финта.

Кој тоа си поигруваше викендов

По основа на атрактивен дриблинг избравме двајца мајсторишта од изминатово коло. Арен Јохансон од Аз Алкмар и Чеара од Крузеиро.

Тренерски мајмунлук

Се запишуваш на фудбал, даваш пари, едвај чекаш да дојде делот кога ќе се игра фудбал и потоа тренерот мртов ладен те дупчи пред сите. Штета што нема продолжение од клипов за да видиме што се случило откако малиов се дрза да му отиде на фејс ту фејс.

Најдобрите дриблинзи во 2013

Се ближи крајот на годината и следува период за сумирање на впечатоците и избирање на моментите кои ја одбележаа 2013-та. Ова се најдобрите дриблинзи.

Дриблање ѕвезди

Меси, Роналдо, Роналдињо, Нејмар, Чави, Иниеста, Озил, Кака... си ги дриблаат противниците како мали дечиња, но некогаш и тие знаат да бидат „пратени по бурек". Компилација од најдобрите понижувања на фудбалски ѕвезди од ѕвезди.

Зајде од дриблање

Евертон Рибеиро од Крузеиро не ни е непознато мајсториште кое си проигрува со противниците, а овој пат жртви за мајтапење на мал простор му беа тројца играчи од Понте Прета.

Дриблинг на колото

Брзината и опасноста често пати доаѓаат од младите таленти кои знаат да бидам незгодни во играта еден на еден. Пример за тоа е 19 годишниот Депаи Мемфис од ПСВ кој многу умешно го измами својот чувар на мечот против Рода.

Како со дриблинг се изненадува коментатор

Не падна ефектен гол, туку младиот 21 годишен играч на Хибернијан, Абделах Зубир си поигра со двајца фудбалери на Селтик на средина на теренот. Тоа не е ништо ново од него, затоа што до скоро беше член на футсал репрезентацијата на Франција.

Дриблинг магија за деби од соништата

Бразилецот Хјури имаше деби од соништата за екипата на Ботафого со два погодоци против Коритиба, а при постигнувањето на вториот гол, тој направи вистински дар-мар низ противничката одбана.

Кралот на дриблингот

26 минутно видео со најдобрите дриблинзи на Лионел Меси или „Кралот на дриблингот".

Дриблинг на денот

Сандро Силва од екипата на Васко де Гама на натпреварот против Флуминенсе изведе мајсторски дриблинг, односно „го прати по бурек" противничкиот фудбалер.

Нејмар и Меси не можат вака

Ни Роналдињо, ни Нејмар, ни Меси! Никој не може вака да дрибла. Ниту еден фудбалер не царува со топката на овој начин.

Го издрибла, па му фати сеир

Фудбалерот на Сан Хозе, Марвин Чавез на натпреварот против ЛА Галакси во американската МЛС лига, не само што го седна на земја противничкиот фудбалер Де Ла Гарза, туку и подзастана за да му се изнасмее.

Дриблинг на годината

Фудбалерот на Сентрал Кордоба, Матијас Молоњи на натпреварот од аргентинскиот куп проти Ол Бојс, го изведе најубавиот дриблинг кој сме го виделе на фудбалските терени оваа година.

Новиот трик на Нејмар

Бразилецот Нејмар продолжува да импресионира. Дечкото со лоша фризура на натпреварот против Ботафого ја презентираше неговата нова финта за поминување на противнички играч.

Мајсторија на мал простор

Фудбалерот на шкотскиот прволигаш Данди Јунајтед, Гери Мекеј со овој потег не потсети на златните денови на бразилецот Роналдињо во дресот на Барселона.

Норвешко дриблање

Големата надеж на норвешкиот фудбал, косоварот роден во Белгија, Зимер Битики го покажа својот раскошен талент на натпреварот помеѓу репрезентациите на Норвешка и Фарски Острови за фудбалери до 17 години.