Кај нас уште владее порелаксиран говор на телото, кој подразбира дека не е страшно ако држиш некого за надлактица додека му зборуваш, или ако некој те гушне а не сте нешто многу блиски. Дури и непознато дете да погалиш по глава (во присуство на родителот) може некако да пројде. Ама во други контексти сето ова предизвикува скандали. „Аман бе луѓе, допирајте се!“, советуваат психолозите, кои велат дека последиците од отсуство на човечки допир може да бидат погубни по менталното здравје.