Таг: без паника

Први Септември (пост фестум)

За вашето чедо, големо или не, Вие сте силни и посветени како Супермен, иновативни и богати како Стив Џобс и смирени и полни со мудрост како Далај Лама.

Распуст

Мојот омилен непријател ми вели: Тато, 10 дена без вас родители ќе се изнауживам. Доволно е што нема да ве гледам и слушам. Како да ѝ објаснам дека мене ми е поубаво?

Елементарни непогоди

Кога ќе ја чуете оваа фраза од вашето злато најдрагоцено, од оноа суштество на кое досега безрезервно сте му се посветиле, вашата надеж, вашата среќа, вашата солена пот. Ви доаѓа да го олабавите со бекхенд како на Надал што го олабави Нолета у Париз. Ма каков тенис, веројатно раката ви игра како на Мел Гибсон у Медмекс кецот пред да ја фати змијата за гуша.

Избори!

Збунете го непријателот, испијте кафе со него. Играјте игра што вие ќе ја започнете. Всушност, занимавајте ги уште на почетокот на вашиот мандат, додека тие се мали, неискусни. Инвестирајте во нив, градете згради од коцки, правете театар од стари столици, наоружајте се со гаџети, видео игрици (има и едукативни!!!) и спортски реквизити. И секогаш имајте подготвена кампања. Ако доволно ги збуните, тогаш полесно ќе се приклонат кон средната, посигурната варијанта, онаа варијанта која и Вам повеќе ви одговара. Бидете добар политичар, и на зборови, ама и на дела.

Вашето дете е Вашиот најголем непријател

Дали некогаш навистина сте го помислиле ова? Најверојатно не сте, затоа што тоа е и најголемата предност на овие деца. Учат од вас, ве студираат, купуваат финти, совршено го разбираат јазикот на возрасните, и сето тоа за да стасаат до оној момент, Ди-Деј во нивниот живот, моментот кога ќе се почувствуваат јаки, ќе го отфрлат оној прекрасен кожурец во кој до пред некој миг биле обвиткани, и ќе се претворат во тинејџери.