Таг: автогол

Автогол кој паѓа еднаш во историјата на фудбалот

Имало и ќе има автоголови на дефанзивци кои во обид да расчистат топка излегуваат трагичари. Знаат да киксираат и голманите на разни комични начини, ама кога двајцата ќе се спојат во едно, се случува најневеројатниот автогол по чисто одбранет пенал. Гледајте, чудете се и смејте се, бидејќи ова нема да се повтори.

Најглупиот автогол стана хит реклама во САД

Минесота Јунајтед, екипа која настапува во втората лига во САД играше пријателска против англискиот Борнмут која заврши 0:4. Главната катастрофа беше автоголот на голманот Семи Нџока при резултат 0:1 за Борнмут. Никој не го обвини, а некој профитираше.

Што и да каже голманов за автоголов не му се простува

Семи Џок брани за американскиот второлигаш Минесота Јунајтед која на пријателски меч загуби 4:0 од Бурнемут. Многу се мали шансите овој гол да не заврши на некоја најавна шпица од типот на најсмешно видео инсерти. Семи има и три настапи за Камерун, а ништо чудно и на толку да остане.

Евроавтогол на полски второлигаш

Фудбалерот на полскиот второлигаш Заглебје Сосновиец, Жарко Удовичиќ го постигна најубавиот автогогол на подготовките на неговиот тим.

Смешен автогол да ти го разубави денот

Автоголот на сезоната го постигна бекот на ирскиот клуб Фин Харпс, Паки Мајли. На мечот против Сент Патрик, по корнерот на Конан Бирн, Мајли само се поклони пред својот голман и му поклони три бода на противникот.

Автоголот на 196-та фудбалска земја во светот

Интернетот во цела планета овој гол денес ќе го прогласи за најглупав автогол на сите времиња. Актер е голманот на Тахити, петтата најслаба фудбалска репрезентација во светот на ранг листата на ФИФА која со еден професионален фудбалер играше во Купот на Конфедерациите во Бразил.

Автогол со додавање

За ваков автогол треба да најдеш двајца генијалци и ништо повеќе. Еве ги.

Гол со грб кој им донесе пласман на ЕП

Уште еден глупав гол падна во рок од два дена, а овој имаше многу поголема вредност. При резултат 1:1, стоперот на Швајцарија поштено сакаше да ја исфрли топката од шеснаесетник, но неговиот несреќен обид и донесе гол на Данска и пласман на Европско првенство за играчи до 17 години.

На кого да се препише овој автогол?

Сирија прими пет гола од Јапонија, а еден од нив беше автогол за кој не постои кривец. Голманот боксуваше, а неговиот колега се најде на погрешно место во погрешно време.

Најлошото чување прва статива

Ако дечково воопшто не стоеше на статива, тогаш воопшто немаше викендов да падне најлошиот автогол во српскиот фудбал. Слобода од Ужице со овој глупав потег во втората лига загуби 0:1 пред своја публика и му подари три бода на Напредак од Крушевац.

Нов сомнителен автогол

Прво прашавме Камени како е можно? Сега прашуваме Папи како е можно? Втор чуден автогол за два дена, овој пат на Сенегалецот Папи Џилобоџи од Вердер на средбата со Баер Л. кој на нафрлената топка го избра најлошото решение. 

Најважно е на Борко да не му се случи ова вечер

Ал Наср vs Ал Драих во Куп натпревар во Саудиска Арабија. Резултат 7:0 и најлошиот автогол за кој голманот нема да има објаснување.

Џабе викаш дека е твоја

Повозрасните знаат за излетите на легендарниот Момчило Грошев кој бил синоним за урликот моја кога топката е во неговиот шеснаесетник. Во Литванија на мечот Шиаулиаи - Атлантас еден голман не вика гласно како Грошев.

Голман, гледаш ли кај ја фрлаш?

Голманот на Некакса од Мексико, Хавиер Касо на мечот против второлигашот Закатепек уште еднаш ја потврди тезата дека за да бидеш голман треба да си навистина талентиран.

Евро автогол на женски фудбал

Немаме ништо против женскиот фудбал, напротив, понекогаш играат поатрактивно од машките. Па дури и кога си даваат автогол. 

Голманов да не ја играл 5+?

На дуел од третата аргентинска лига меѓу Комуникационес и Атланта, гостите славеа убедлива победа но триумфот остана во сенка на глупавата реакција на домашниот голман. Дали намерно си даде глуп автогол или не, проценете сами.

Во серија А денеска се случи ова

Торино и Емполи играат заостанат меч во италијанското фудбалско првенство на кој голманот на домаќините во 3 минута направи потег поради кој нема два дена да заспие.

Автогол во паника

Се работи за младински натпревар во Шкотска, каде е оштетен клубот Патрик Писл од несреќниот Бен Ричардс. Ваков гол е тешко да се даде и во напад.

Автогол што не може да се разбере

Видеото е од нисколигашки бразилски меч и колку и да стискате на рипит нема да сфатите како и со помош на кој дел од телото топката земав ваков замав и заврши во гол.

Сеирџиски автоголови во Грција

Скоро имавме богат викенд на автоголови, а на компилацијата не може да не ги додадеме и овие двајца цареви кои во паника топката ја исфрлаа на погрешно место. Првиот падна на аматерски натпревар на Крит, а вториот на куп пресметката помеѓу Панахаики и Олимпијакос.

Како Оливер Бироф но во сопствената мрежа

Големото чилеанско дерби меѓу Универзидад де Чиле и Сантијаго Вондерерс не го одбележаа кореографиите, пиротехниката и полниот стадион, туку дефанзивецот на гостинскиот тим. Среќа во Чиле не убиваат за автогол како во Колумбија, па Агустин Пара ќе може мирно да спие по овој евро автогол.

Автоголот со лоб кој не се брани

За фудбалерот на ВБА, Крег Доусон се зборува дека ќе си замине од клубот и веројатно ќе потпише за Барнли. По овој автогол, тоа сигурно ќе се случи.

Автоголовите на СП во Бразил

По СП Франција 1998, каде паднаа рекордни 6 автоголови, Мундијалот во Бразил влегува на 2. место со 5 „дунстери“ кои ја пикнаа топката на погрешно место. 

Најтрагичниот автогол во историјата на Светските првенства

На 36 денови пред почетокот на Светското првенство во Бразил, ги одбележуваме 36-те автоголови постигнати во историјата на Мундијалите. Еден таков гол во сопствената мрежа, Колумбиецот Ескобар го плати со својот живот.