Таг: автогол

Автогол од пола терен

Се вика Жунињо Бакуна, има 21 година и синоќа дебитираше за Хадерсфилд против Стоук во Лига Купот на најлош можен начин. Не дека на голманот му беше таму местото, ама Жунињо реагираше како прв пат да фаќа топка.

Велат дека Ескобар е убиен поради автогол, но приказната е посложена

Иако важел за џентлмен на теренот, чесен и пристоен човек кој одбил да остане во Америка по испаѓањето од Светското и решил да се врати дома меѓу своите Колумбијци, асфалтот немал милост за него.

Колку пацерски автогол падна во Словенија

Словенечката прва лига викендов ја стартуваше новата сезона и уште во прво коло го доби автоголот на годината. Го постигна 18 годишниот Томаз Закрајсек од ФК Кршко на мечот против Домжале. Па зарем на тие години успеа до волку да го загуби компасот?

Цикузантскиот автогол од последниот дуел меѓу Хрватска и Англија

Иако имаа силен тим предводен од Тери, Фердинанд, Лампард, Џерард, Руни, Англичаните не успеаа да се пласираат на ЕП 2008. Беа во квалификациската група Е, каде беше и Македонија и ги загубија и двата меча од Хрватска која се квалификуваше заедно со Русија. На Максимир беа поразени 2:0, а вториот гол ни крив ни должен му го запишаа на Гери Невил. За греота. Па уште и Борат гледаше во позадина

На Колумбиецот кој доби црвен му се заканувале дека ќе заврши како Ескобар

Мечот против Сенегал кој Колумбија го доби со 1:0 беше најголем испит во кариерата на 32-годишниот Карлос Санчез кој игра во шпански Еспањол. Неколку дена претходно се соочувал со закани по живот од малоумници на социјалните мрежи.

Голман, на лева нога да не си станат?

На серијата чудни и несфатливи автоголови кои почнаа со Холандија, па продолжија со Шведска, им се прикличуваат и Американците на турнир за играчи до 23 години. Со таа разлика што во случајов, некако голманов како да се ушепртља.

Автогол на сезоната во Шведска

Во шведското првенство, Хакен го прегази Елфсборг со 5-0 а првиот погодок на мечот беше автогол на Роберт Гојани.

Лудачки автогол од 40 метри

Холандската фудбалска јавност беше сведок на еден од најспектакуларните автоголови во историјата на фудбалот. Просто неверојатно е како можеше ваква глупост да направи фудбалеров по име Стијн Спирингс од второлигашката екипа Дордрехт. Таму играат и двајца Македонци, Денис Махмудов и Антонио Станков. 

Приказната за најатрактивниот автогол на сите времиња

Со #happypollockday, Англичаните одбележаа 20 години од безвременскиот автогол кој само на пацер кој е истовремено и мајстор може да му успее. Го постигна Џејми Полок, а за него има и една куса и неповторлива приказна.

Со трагичен автогол им подари титула

Аргентинскиот дефанзивец Сантијаго Гарсија од Толука е двојно поголем лузер од играчите на Барса и Јуве оваа недела. Во финале на таканареченото мексиканско првенство Clausura 2018 Copa MX успеа на најлош можен начин да си го измами голманот со автогол вреден титула за Неказа. И тоа пазете на 5 минути до крај.

Автогол на голман за кој се нема разбирачка

Сме објавиле секакви неочекувани автоголови меѓу кои кои преовладуваат дефанзивци со разно разни несмасни реакции. Ама што се случи во Етиопија се коси со секоја логика. Што е најтрагаично со потегов им поклони 3 бода.

Кога гол на годината во Полска беше автогол

Дуел меѓу ривалите Арка Гдиња и Висла Краков. Полн стадион, тензија, голема борба на теренот. Во 45’ минута домашниот играч Адриан Мровиец си забива таков автогол што долги години се врти по шпиците.

Бомбастичен автогол за аналите

Јарес Ал Неиби од Обединети Арапски Емирати не е свесен каков автогол си даде. Дечкото непромислено фати да расчистува една топка во скроз погрешен правец и му ја дувна на својот голман, ама онака ладнокрвно во агол да не може да ја види, а не па да ја фати.

Падна најубавиот евроавтогол

Па уште 90 пати да проба да ја удри вака, топката нема да заврши таму кај што заврши овојпат. Нереално.

Најдобриот гол, автогол и парада за 2017-та

Во изборот на Газета, најлудата одбрана на годината ја направи Марсело Гроз од Гремио во полуфиналето од Копа Либертадорес, автоголот е на Дабо од Витезе кој успеа да си го лобува голманот од 35 метри, а голот на годината го постигна дефанзивецот на Ајакс, Девинсон Санчез.

Автогол по кој ти треба фластер и аналгин

Ова е еден од оние најретките автоголови на кој прво е глупо да се смееш, а второ нелогично е да обвиниш некој, бидејќи нема кривец. И трето и најточно: Многу боли.

Знаете ли кој е втор најдобар стрелец во Барселона?

Бидејќи сигурно знаете кој е прв, затоа ве прашуваме за вториот. Се вика „Автогол“ и сезонава одлично му оди со оглед на тоа што може да се носи со еден Луис Суарез.

Автогол во кој не знаеш дали е крив играчот или голманот

Дефанзивецот имаше јасна намера, да му ја спушти полека на голманот, и тоа и го направи, арно ама овој беше лошо позициониран. Автогол во Данска за кој сигурно ќе си кубат коси и двајцата.

Автоголов го гледате сега и веќе никогаш повеќе

22 годишниот Фанкати Дабо, кој како позајмен играч од Челси настапува во Витезе е автор на едно видео кое ќе треба да го крие од внуците. За ваков неповторлив автогол не постои логично објаснување како е можно да го постигне. Во 56 секунди ќе го видите осум пати.

Не е фер ако автоголов не го ставите на најавна шпица

Намерата е повеќе од јасна, сакаше да ја исфрли за да спаси гол, а од тоа од произлезе автогол кој не постои голман на светов што може да го одбрани. Фламенго - Флуминензе е мечот кој ни го носи автоголот на годината.

Вака и во Фенербахче му ја вратија на голман

Ален Јоган од Горица на мечот со Марибор му ја врати на голманот на сличен начин, како што цела арена Филип Втори посака во 90-та минута да му ја вратат на голманот на Фенербахче. Словенците сега се во кошаркарски транс и нема многу да се трескаат од земја за автоголов, како што се трескаа Турците против Вардар.

Доста ме тролате за автоголот, ќе си одам

Селекцијата на Чиле синоќа доживеа дебакл на домашен терен од Парагвај 0:3 во мундијалските квалификации. Најголемиот срам и нервоза го изеде Артуро Видал кој го отвори резултат со автогол на годината. Фудбалерот на Баерн Минхен веќе извесен период е мета на критичарите во својата земја и денеска преку Твитер се закани со заминување од репрезентација.

Уиграна комбинација на денот

Уште 1.000 пати да го гаѓа нема да се случи ваков трагичен автогол. Ги гледаш двајцата несреќници и се прашуваш на кого му е поглупо.