Сите во еден глас, навиваме за Македонија!

Подгответе се за уште една ракометна еуфорија заедно со македонската ракометна репрезентација и Vip. Од 12 до 26 јануари 2014 г., да ги бодриме нашите ракометари на Европското првенство за мажи во Данска.

Со вкупно 16 селекции распределени во 4 групи, натпреварите ќе се одиграат во четири градови, и тоа: Хернинг, Алборг, Архус и Копенхаген. Нашите ракометари се дел од Групата А, каде што ќе си ги одмерат силите со домаќинот Данска, како и со Чешка и со Австрија.

Првите натпревари на нашата ракометна репрезентација започнуваат на 12, 14 и 16 јануари, и тоа по следниот распоред:

12.1.2014 во 20.30 ч., Данска – Македонија
14.1.2014 во 18.15 ч., Македонија – Чешка
16.1.2014 во 18.15 ч., Македонија – Австрија

Соработката на Vip како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија продолжува веќе 6-та година, како верен пријател на спортот. Vip го поддржува нашиот ракометен тим, нивниот спортски дух, тимска работа и фер игра.

Ве повикуваме, заедно, во еден глас, да ја поддржиме нашата репрезентација и да го промовираме македонскиот ракомет. Затоа што, секој наш успех ветува повеќе за иднината на овој спорт и претставува мотив за идните генерации.

Да ја искористиме оваа можност и да ја претставиме нашата земја во најдобро светло. Бидете дел од навивачкиот тим со Vip! Сите во еден глас, навиваме за Македонија!

комерцијален текст

10 јануари 2014 - 14:01