Се најдоа двајца другари од порано, со добронамерна цел да го спасат клубот од очај по барање на едниот. Арно ама овој што побара помош го набркаа бидејќи губеше од кој стигне, а другиот се заеба и стана Офсајд лик на неделата.
Ако треба да одбереме Офсајд лик на денот, неделата и месецот, тоа сигурно ќе биде човекот кој се соочи со елиминација во Лига на шампиони од екипа чии играчи заедно не заработуваат годишно, колку тој што заработува месечно.