Сиера Леоне, Карпош 4, Драчево, Оклахома, бивши војници од Конго, царството на Амди, Снуп Дог во Приштина, скопски дворови со старо железо, фалц фармерки, пинг-понг на улица, аикидо на клупа, Роџо, Жан....
Автор на новогодишната желба е фамозниот нео-хегелијанец Амди Бајрам кој накратко вика: „Сите да гласаме за промена на името бидејќи тоа е во интерес на сите нас, политичарите“. Амин.
Каква најава да срочиш за Амди Бајрам, а да не ја опцуеш државава? Заебавајте се вие, ама човекот со децении е на власт, оттука тој лично ги има изгласано сите јавни обвинители во Македонија, сите закони по кои живееме. И сега е дел од некаква проевропска опција. Тибамдржавата.