Значи премногу сум изреволтиран и изнервиран до моменталната состојба на некои работи. Се работи конкретно за следново. Вчера околу 18 часот бев на контрола со мојата ќеркичка во детскиот диспанзер во поликлиниката Јане Сандански. Во еден момент на мојата ќеркиќка ѝ се одесе во ВЦ, отидовме и состојбата ќе ја видиш на фотографиите.
Искрено ваква ситуација беше и пред скоро година дена и тогаш ја фотографирав состојбата во ВЦ-ето, но, ајде, реков, да не дигам галама најверојатно ќе се оправат бидејќи им изреагирав. Скоро после една цела година состојбата е бетер. Тоа е ВЦ пред сè за децата, ние возрасните можеме да се воздржиме но децата не можат.
З.Н.