Во текстов на Херитеџ фондацијата се зборува за Вашингтон, кој во своето време бил скоро безначаен политичар на светската сцена, во некоја забит на крајот на светот.
Она што го направи Вашингтон голем е неговата политичка скромност.
Иако според уставот на САД можел да се кандидира за неограничен број на претседателски мандати, Вашингтон решил да се повлече после два. А и претходно, после победата над Британците, иако многумина предлагале да биде прогласен за Крал, Вашингтон се повлекол, не во момент на пораз, туку во момент на триумф.
Тоа е нешто што на Наполеон никако не му влегувало во глава, и после поразот и прогонството ќе рече:
`Од мене сакаа да бидам само уште еден Вашингтон`.
Во времето на Наполеон, Вашингтон бил минорна фигура. Векови покасно, станува јасно зошто Наполеон бил Наполеон, а Вашингтон бил Вашингтон.
Ова мислам дека важи и за политичарите и лидерите во Македонија, било да се од ВМРО или СДСМ. Со политичка скромност ќе добуткаат далеку. Особено нивното политичко наследство.
http://www.heritage.org/research/commentary/2007/02/the-man-who-would-not-be-king
Поздрав,
ид