Писма на ожеднети читатели

Еве на сликите да видиш што се случува, и животинките и луѓето пијат вода заедно, па би те замолил да ги објавиш сликите како апел до надлежните.

Здраво Трендо,

Ти праќам слики за селаните во Кривидол, штипско да видиш како мачно се живее без вода. Водовод е направен од селаните во 1968 година а сега некои кој се вратија од град тврдејќи дека немаат вода доволно, ја кинат цевката на водоводот кога ќе посакат и каде што саакат. Полицијата не презема ништо, како да не е тоа кривично дело. Пред десет години општината додели средства за санација на целиот водовод, средствата беа големи, санацијата многу мала (само на дел од водовдниот систем) средствата беа преполовени и изченаа и така си останавме пак без вода.

Сега собравме гласови од селаните да ја дадеме на општината тие да ја направат и да ни стават водомери и да се плажа како секаде и да имаме вода во секое време но чекаме веке 4-5 месеци и сè уште ништо не се случува.

Еве на сликите да видиш што се случува, и животинките и луѓето пијат вода заедно, па би те замолил да ги објавиш сликите како апел до надлежните.

Славе

 

5 октомври 2016 - 16:35