Почитувани во ЈСП,
Морам да признаам дека вашата политика да нема автобуси после 7 попладне или навечер,како и да милувате, или кога врне, е навистина многу интересна и сметам дека ги зближува луѓето и помага тие културно да се издигнат, да погледаат некој филм или турска серија или слично.
Се согласувам со вас дека поради состојбата со вработеноста сите завршуваат со работа во 4, најдоцна во 5 попладне и нема апсолутно никаква потреба да одат некаде подалеку од локалниот гранап.
Кој би рекол дека има и такви што работат попладне, нели? Продавачките во супермаркет од втора смена живеат на работа. Дечките од техничка поддршка кај што се јавивте завчера заради проблем со интернетот исто така.
На крај доволна е само една линија во Скопје, 22, нема потреба од 5, 7 и слично, Аеродром и Лисиче се посебна држава. 41 или 57 нема потреба Драчевци и Радишанци да се акаат по Скопјево.
Продолжете ефикасно да го опслужувате градот.
Поздрав,
Марија Д.