Писма на извозени читателки

Поздрав до автобуската станица Скопје, следниот пат пуштете и миниван, ќе се свиткаме во кичмите како и за сè досега.

Превозот од Скопје до Маврово, со последна станица Гостивар: сабота, 01.07.2017 се уште се праќа комбе за линија која има редовни патници, место автобус. Цената е 500 ден повратен билет. Нашата чудесна земја секогаш ги искористува полните капацитети на можности до 102.3%. Се забележува дека уредно беа наплатени сите патници, вклучувајќи ги и оние тројца кои мораат да стојат по целиот пат кој треба да трае 1.5, а достигна до 2 часа.

Иако најавени по телефон редовни патници и продадените карти на шалтер, службеничката продолжи да се јавува на шоферот да ги собере попатните патници, без воопшто да се размисли за испраќање можеби на барем второ комбе. На моменталните температури без клима или вентилација, прозорчето на кровот го затворија бидејќи силно дуваше во главата на една повозрасна жена која стои.

Поздрав до автобуската станица Скопје, следниот пат пуштете и миниван, ќе се свиткаме во кичмите како и за сè досега.

Фросина

4 јули 2017 - 14:22