ДЕНОВИВЕ:
Е друже...
пошто од одамна се мислам да ти пишам...го мислам маилов што сум ти го испратил пред две години...си го читам гневот и бесот што тогаш сум ги имал...и се уште ги имам...јес да тоа што се дешавало тогаш е пичкин дим во однос на ова сега... државата му должела на бизнисот 100 милиони евра...мех...виц...кујзнае колку се смееле кога у ЦК го читале тоа... патос... паѓале и се тркалале по тоа 10 сенитметри дебелите теписи од по 200 илјади евра....
пројдоа две години од тогаш... станав татко на второ дете... прооде... прозборе... уште малце пелени ќе откажеме.. .ќе има некој денар поише за луксуз... небитно... она што е битно е што јас си го одржав зборот... и си ги спакував куферите... колективно... организирано... масовно за цело село... :)
не е за објава ова... за муабет е... и за едно пиво по градов да частам... коа ќе се начекаме... на пример у Mr. Jack (Ако сепак се решиш да (ре)постираш...те молам тргни го името).
wish me luck... пошто ќе ми треба... море и поише од тоа ќе ми треба... ама ај...
Биди ми добар...и чувај се...
тргнато името
------------------------------------
ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, ОД ИСТИОТ ЧИТАТЕЛ
(изворно објавено како "Писма на читатели кои веќе не можат")
Здраво Трендо,
Во неколку моменти сум тргнал да ти пишувам на и за разно разни ситуации и теми од нашето секојдневие. Не сум имал доволно трпение и не сум сметал дека е важно па сум се откажува. Веќе неможам! Се надевам дека не е (пре)долго и дека ќе имаш време и трпение да го исчиташ до крај. Here we go...
ПРВА СИТУАЦИЈА:
Ноќеска имав чест автомобилот да ми го крене пајак служба. Прво пола саат вртев по разно разни информатори и контакт центри за да најдам кој пајак ја кренал - дал оној градскиот или центарскиот. За тоа време иако се греам на централно парно и дома ми е температурата "соодветна" (читај во фрижидерот ми е потопло) успеав од бес да зовријам. Излезе дека е центарскиот, се јавив си прашав колку треба да платам и човекот фино лепо со певлив глас ми испеа 2.500 денари... изгледа за него се ситна пара. Одам таму, гледам една "Кент" трафика цела изналепена 24/7/365. Кажувам за која кола сум дојден и барам основ заради кој ми е крената колата. Барам да го погледнам нивниот правилник и сакам да поднесам приговор. Ценовникот беше видно истакнат. Човекот си кажа:
Основ "Паркирана во зона за резиденцијални корисници" - во која патем кажано нема обележани паркинг места
Правилник: "За правилник треба да се обратиш во претпријатието/општината ние тука немаме правилници ние сме овде само за наплата"
Приговор: "За приговор треба да се обратиш во претпријатието/општината"
Побарав да ми покажат фотографии од тоа како е непрописно паркиран автомобилот. Ми рекоа дека немаат и затоа требало писмено барање да упатам до општината/претпријатието (што да е) и тие преку архивата ќе ми одговореле, а покрај тоа, и дека требало да платам за да ги добијам фотографиите. Прати парадокс! Паралела: Замисли ти доаѓа дома полиција и те апси и ти им викаш "Aма чекајте зошто? Што сум направил? По кој член ме апсите?" А они ти викаат: "Е треба да платиш братко за да ти кажеме све тоа!!!" Побарав и дали сум пријавен од граѓанин на коишто сум му го зафатил местото за паркирање и тоа немаа. Битно ценовник имаа истакнато! Буљаши, не е проблем да си платам, ама сакам да знам дека сум виновен!
Викам ова е кражба. Одам во полиција (сообраќајна). Морам да ги пофалам. Беа навистина професионални и конечно добив чувство дека барем некој ја заработува својата плата што јас ја плаќам преку даноците (за нив малце подоле во текстов). Проверија. Казна немам добиено за непрописно паркирање, што значи немам направено ни прекршок (има прекршок ама не ме фатиле на лице место)! Луѓето направија сè што можеа и што им е во ингеренција. Дојдов до заклучок дека ПОЦ има поголеми ингеренции, прати те молам, од Полиција на РМ.
Ок!!! Ајде ќе играм по нивно одам да си платам на гладно 2.500 денари. Ми бараат лична карта. Ги прашувам за увид или за да ја препишете? Не не! Ни требаат информации - матичен број- викам па вие немате право да ми го барате и запишете тој податок со Закон. Ако не даеш нема кола. На крај им давам возачка (мислев дека нема ЕМБГ на нејзе - имало) фино лепо си го запишаа бројчето мака немаат - си имале они проблеми, па затоа им требал. Битно работат 24/7/365 за да им дадеш пари. За другото во централа пријатељу! За ова ќе ги пријавам во Агенција за заштита на личните податоци. Се тешам со тоа. Можеби малце и на нив ќе им отежнам.
Парите ги прежалив ама не сум задоволен! Утре паузата одам да ја потрошам во Централата на ПОЦ. Ќе биде смеење. Ќе ја изодам оваа голгота за да може да ви раскажам што се случува.
Очекувај update...
-------------------------------
* Апдејтот го гледате во новото писмо објавено најгоре (заб.ур.)