Писма на читатели кои памтат

Посебно ме иритира кога ќе слушнам наши раководители во здравството како се воодушевени од предложените мерки кои се многу слични на работните манири во светските болници каде тие престојувале. Зарем тие никогаш не влегле во Воената болница, барем како деца?

Почитуван Трендо,

Би било добро нашата јавност да се постети дека актуелниот предложен норматив на носење работна униформа беше во сила уште пред 40 години во бившата Воена болница (новиот објект на Воената болница се отвори, мислам, во 1972 г.). Исто така и обраќањето на персоналот помеѓу себе беше на многу сличен начин како што сега препорачува министерот за здравство. А како тогаш, па и во подоцнежните години функционираше Воената болница е многу добро познато. Посебно ме иритира кога ќе слушнам наши раководители во здравството како се воодушевени од предложените мерки кои се многу слични на работните манири во светските болници каде тие престојувале. Зарем тие никогаш не влегле во Воената болница, барем како деца? Криво ми е што по којзнае кој пат ја откриваме топлата вода во Светот, а забораваме на нашите вредности, макар и некогашни.

Со почит

д-р Златко Васков

пензиониран лекар од бившата Воена болница.

22 мај 2013 - 10:40