Поради неподнесена аконтативна даночна пријава за заработени 6000 денари како дел од организација на културен настан во склоп на фестивал за кој е уредно платен данок во износ од 10% (веројатно персонален) бев казнет од страна на УЈП со глоба во износ од 100 евра во денарска противреднност .
Бидејки моите лични приходи до пред еден месец изнесуваа скромни 4000(а од овој 7000) денари се консултирав со службениците од УЈП и следејки нивни совет поднесов барање за одбивање на 1/3 од плата.
Врз основа на претходно решение за присилна наплата во меѓувреме 17.12.2013 банката го повлекува целиот износ на глобата од мојата сметка што остава само 200 денари на мојата сметка, а само ден потоа на 18.12.2013 јас добивам решение од УЈП за одбивање на третина од плата и шетајки од институција до институција заедно со службениците заклучивме дека јас никако не можам да побарам повраток на 2/3 од мојата скромна плата за кои имам решение од истата институција дека ми припаѓаат мене, што ми предизвикува додатен стрес и ми го расипува духот на празниците кои се моменти во кои би требало да уживаме.
ПОЗДРАВ
Ѓорѓи