Баирски писма на читатели

...нема смисла... многу убаво знам што значи месецот да го поминуваш со 6.000 денари (од тие пари сум плаќал и сметки и храна) и тоа 5 години како студент. И подоцна не ми цветале рози па сепак...

Почитуван г. Трендо,

Конечно на некој од Битола им текна да протестираат против затвореноста на регионалниот пат (обиколницата) Прилеп - Ресен. Тоа место е попознато уште и по тоа дека патот поминува над населбата "Баир".

Како што се намали движењето на возилата во тој регион (искрено јас постојано ја прекршувам таа забрана, се движам најмалку еднаш неделно по тој пат), така сметот почна да се шири по целата должина и уште пожалосно што на некој места зафаќа и повеќе од една лента на коловозот.
Дали некој треба да им објасни во "фавелата" Баир дека треба малку да се средат? Преку глава ми е веќе од тоа дека ако некој немал пари, во името на социјалната не правда може да прави што сака (да сечи дрва, да фрла смет каде стигне)... нема смисла... многу убаво знам што значи месецот да го поминуваш со 6.000 денари (од тие пари сум плаќал и сметки и храна) и тоа 5 години како студент. И подоцна не ми цветале рози па сепак домашното воспитување и љубовта према мајката природа не ми дозволувале да ја гнасам животната средина...

НЕ Е ДО ПАРИТЕ, ДО УМОТ Е...

Кире

 

6 декември 2017 - 12:28