Автобуски писма на читателки

Многу пати изминативе години ми се случило едвај да фатам место во автобус, а по пат накај Скопје да се разминеме со десетина автобуси на Струмица Експрес, кои враќаат симпатизери од централниот митинг на владеачката партија. Централен митинг (за локални избори?!) на владеачката партија има и вечерва (08.10.2017) во Скопје. Слободни места во автобусот за Скопје немаше.

Здраво Трендо,

Превозникот Струмица Експрес држи монопол на возните линии кон и од Струмица и Радовиш. Многупати радовишани имаат останато на автобуската на Радовиш, затоа што е попатна станица, карти не можат да се резервираат, а автобусите од Струмица многу често пристигнуват веќе полни. Во последната година се смилува раководството на Струмица Експрес и почна да пуштаат дополнителен автобус ако има потреба.

Многу пати изминативе години ми се случило едвај да фатам место во автобус, а по пат накај Скопје да се разминеме со десетина автобуси на Струмица Експрес, кои враќаат симпатизери од централниот митинг на владеачката партија. Централен митинг (за локални избори?!) на владеачката партија има и вечерва (08.10.2017) во Скопје. Слободни места во автобусот за Скопје немаше. Автобусот од Струмица дојде полн. Објаснувањето кое ни го дадоа вработените на Струмица Експрес на автобуската во Радовиш, на прашањето зошто нема дополнителен автобус, беше дека сите автобуси се веќе во Скопје, поради тековниот митинг.

Ако главниот слоган на владеачката партија на предходните избори беше "Ова зло да не се повтори", тешко дека нема да се повтори ако идат по сосема истите стапки како и претходните. Да се носат симптизери на партијата од внатрешноста на државата, на митинг во Скопје, ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ, а останатиот дел од граѓаните да трпат последици поради тоа.

Софија

9 октомври 2017 - 13:10