Зезалици

Дали би поминале кај Едисон?

Томас Алва Едисон имал енциклопедиско знаење и со текот на времето сè повеќе се фрустрирал од фактот дека за работа му се пријавуваат трупови со факултетски дипломи. За да го измери знаењето на кандидатите за работно место во неговата компанија, составил листа од 150 прашања.

Па и ние имаме езера!

Решение за горечкиот проблем на објективно немање простор за нови споменици доаѓа од еден британски скулптор. Се разбира, предлогот треба да се приспособи на нашите услови пошто ако ставиме уште еден Чакаларов во Дојранско, само тоа газот на коњот ќе вири надвор.

Како се трола водител?

Слушатели на едно австралиско радио, го фаќаат во машина водителот и неверојатно организирано и упорно го реметат со еден единствен одговор на сите негови прашања. Секоја вечер! Не мора да се слуша до крај пошто е досадно, ама концептот држи.

Детал од една средба

Краток дијалог меѓу двајца генијалци. Се среќаваат Алберт Ајнштајн и Чарли Чаплин:

Како се граничи светот

Граница не секогаш мора да биде нерешено прашање или прашање на гужва или прашање на чекање. Некои ова го имаат решено сосема романтично. Некои уште се на готвс.

Скарлет Јохансон ефект

Карактеристично за овој ефект е што има влијание и кај мажи и кај жени, без разлика колку се богати или славни, без прескокнување ги фаќа речиси сите.

И за корисничка поддршка се потребни двајца

Телефонските разговори меѓу корисник и корисничка поддршка обично тонат во клисурата на изгубеното време заради две погрешни премиси:

Топ 10-те Дилберт стрипови на авторот на Дилберт

Во 1989-та Скот Адамс го објавува привот стрип за Дилберт, кој истовремено е и првиот стрип на кој главниот фокус му е што се случува на работа и во канцеларија. Ова се десетте омилени Дилберт стрипови на Адамс.

10-те најскапи возењa

Во предвид се влезени сите можни форми на возила, од автомобили до носачи на авиони и ракети. Рангирањето е направено според тоа колку пари чини да се мине една милја со нив.

Запад vs. Исток

Не се работи за тоа кој е подобар, туку кои се разликите. Девојката што го прави ова (Лиу Јанг) родена е во Кина, а од 14 години живее во Германија. Сината боја е Германија, црвената е Кина.

"Оргазмот ја убива болката"

Веста гласи дека пар креативни решенија од изложбата "Наука за сексуалноста" биле забранети во Ванкувер (така а тоа во сексуално репресираната С. Америка плус презветаријанскиот Ванкувер), но веста е небитна.   

Оффнет има некој баг

Благодарение на извесен Љубиша Сулимановиќ, дома познат како Љубиша а надвор како @Sulimanovic, откривме дека во нашите програмски редови се има вгнездено баг кој прави ршум со текстовите на сајтов, по своја воља ги преправа насловите и внесува нова смисла во нашите статии, нешто за што утре можеме да одговараме на суд или на табла. Багот воопшто не е наивен. Тој користи некаков здраворазумски алгоритам кој го преправа текстот на начин на кој секој нормален човек подсвесно го чита. Да покажеме со пример:   

22 факти за кои (веројатно) немавте поим

1. Основачите на Гугл биле подготвени во 1999-та да ја продадат компанијата на Excite за помалку од 1 милион долари, ама Exite ги одбил.

2. Во анкета од 2008-ма, 58% од британските тинејџери сметале дека Шерлок Холмс бил вистински човек, а 20% сметале дека Винстон Черчил бил измислен лик.

18 неуспешни обиди да се биде секси

Внимание: сликите можат да предизвикаат сериозен сексуален набој, внимателно да се прегледуваат.

Правила за фудбал кога си копиљ

1. Ако си дебел тогаш браниш.

2. Тој што ја донел топката кажува кој ќе игра.

Земјо, голтни ме

На интернет врти еден прастар но неверојатен клип кога аѓутантот на Тито, по грешка му ја фаќа раката со врата, за време на посетата на Шведска во 1976-та година. Не знаевме во чие име повеќе нè боли, во на Тито или во име на несреќниот аѓутант. Пар реакции: