Зезалици

Рамбо понуди фронт за војна меѓу Америка и Русија

Со оглед на тензиите околу Украина кои можат да го запалат целиот континент, Рамбо Амадеус на Америка и Русија им посочи идеално место на кое можат да си ги одмерат силите.

ЦСИ Бакингем

Мала показна вежба за тоа колку треба да се внимава какви податоци се споделуваат, макар се  работело само за обична фотографија од себе. Тоа важи дури и ако сте кралицата Елизабета.  

Фото апдејт на историја

Хидрели Диао е бразилски уметник со експертиза за креирање фотореалистични ликови од слики или цртежи со помош на вештачка интелигенција. Пример почнува со слика од Александар Македонски или Цезар или Џорџ Вашингтон, и ја апдејтува и транспортира во 2020-те.

Како растеше Кина

Четири ефектни, самодоволни и „say no more“ прикази за тоа како и колку трговски партнери имале големите екононски сили во светов во 1990, 2000, 2010 и 2020 година. Кинезот богами поштено тоа го има одработено. Ах, како што и Македонија во истите тие децении поштено имаше одработено 144 земји да нè признаат под нашето име, додека не дојдоа оние ајвани кои го шитнаа.

Збогум сиромаштијо

Да споделиме со вас едно видео кое штотуку му го пративме на човекот кој ни пиша дека извесен Емил Мацановски (бог да го прости) оставил 5,5 милиони долари во една од водечките банки во Того (Того, бе!) и дека малку треба за да лапнеме 40% од парите.

Руски старт-ап на денот

Ако многу се потрудиме да го ставиме во некои легални рамки, овој бизнис гранично би се класификувал во фелата клучари, бидејќи тоа му е основната намера - продавање на клучеви. Да ја прашаш руската полиција ќе ти каже дека овие од класификување може да се само меѓу: лесна и тешка робија.

Имаш црква и имаш италијанска црква

Се наоѓа во градот Мормано во Калабрија, се води како нова парохиска црква, го носи името Санта Мариа Горети и е вонсериски впечатливо здание.

Кадир и неговиот Мерцедес

Човекот на фотографијата се вика Кадир, го викаат Кадир Мерцедес. Психички е болен и по цел ден јава на стап на кој има закачено ретровизор и знакот на Мерцедес. 

Рингтонот и идентитетот

Ниедна претходна медиумска технологија не била толку лична, персонализирана и интимна, но и толку споена со човечкото тело, како мобилниот телефон. Една навидум банална работа, изборот на рингтон, веќе некое време го тестирам од чиста љубопитност на јавен простор.

Постојат ли Балканци на интернет или се тоа руски ботови?

Твитер будалетина кој се претставува како либерален интернационалист а на насловна ги има Бајден и Камала, објасни дека Балканот е многу сиромашен па тој се сомнева дека луѓето таму воопшто имаат пристап до компјутери и мобилни телефони. Не верува тој дека има многу Словени на Твитер кои пишуваат кирилица. Заклучок? Ќе да се тоа руски ботови.  

Уникатните специмени на Волмарт

На едната страна сме ние, во суштина паланка во која луѓе се ѕверат во секоја фризура или облека која е поинаква од она што тие навикнале да го гледаат во своето матично трло, па затоа на шопингот често се гледа како на одење на корзо, каде човек мора да е спремен и пицнат, мислиш може секој момент да го викнат на кастинг за Холивуд. На другата страна е Волмарт.

Талпата наречена Султан

Највисокиот жив човек на поланетава се вика Султан Косен и доаѓа од Турција. На последното мерење во 2018 година бил висок 250 сантиметри. Од Шекил О'Нил е повисок преку 30 сантиметри, но најдобра перспектива за неговата висина даваат фотографиите на кои се слика во секојдневно опкружување.

Фејсбук разговор за „возрасни работи“

Имам една дилема. Пред неколку дена добив барање за пријателство од господин кој има околу 25 години. Ме заинтригира зошто еден млад дечко сака да биде мој пријател, па прифатив.

Тома

Најниски пориви, зачадена крчма, одвратни мачо балкански алкохолни оргии? Можеби сте во право, но, како да ви кажам, некои луѓе сè уште сакаат да го осетат мирисот на душата, или барем да го слушнат нејзиниот глас.

Вака тоа треба на 82 години

Деновиве 82 годишен роденден прослави Игор Мандиќ, енфант терибл на хрватската јавна сцена, брилијантен и бескомпромисен полемичар, есеист, критичар и новинар со 30-тина книги зад себе. По тој повод, овој хедонистички витез ќе го каже следново:

Маскоти во едноминутен молк

Смејурија од најнеочекувана тема: едноминутни молчења по спортски натпревари. Нема тука ништо смешно, сè додека не сфатиш дека на тие моменти мора да им се придружат и присутните спортски маскоти, со своите дифолтно весели фаци. Еден твитер акаунт собира такви моменти, кога несакајќи се ебе траорноста на моментот.  

Човекот од Стар трек на кој сè му беше јасно

Многу генерации се имаат зезнато и разочарано на ист начин, предвидувајќи дека иднината ни носи коли што летаат. На Дејвид Геролд, наградуван сај-фај автор и пишувач на оригиналните Стар Трек епизоди, работата му била мноооогу појасна.

Како треба да изгледа секоја војна

Канада и Данска уште од 1930-тите години водат спор околу малиот остров Ханс кој се наоѓа во Кенеди каналот, меѓу Гренланд и островот Елсмер. Во 1973 година двете држави ја утврдуваат меѓусебната водна граница но не успевaaт да се договорат околу Ханс. Десетина години подоцна, почнува да биднува вака:

Европа е полна со „глупи Американци“

Европјани главно со стандардна надменост гледаат на Американците, негувајќи го стереотипот дека тоа се луѓе кои немаат елементарни познавања за светот и реалноста. Да погледнеме сега во европскиот двор во кој нè има и нас и комшиите.

Највисоки и најниски цени на бензин во свет

Просечната цена на бензинот во светот (во септември) била 1,2 долари (или 63,79 денари) за литар. На едниот крај од овој просек е Венецуела, каде литар бензин е само 2 американски цента, на другиот се Хонгконг и Холандија со 2,56 односно 2,18 долари за литар. Во Македонија цената моментално е 70,65 денари (1,33 долари) за литар.

Марк Закерберг го смени името во Мајка Тереза

Марк Закерберг законски го сменил името во Мајка Тереза, потврди Мајка Тереза. Се дава рок за прилагодување до октомври, после тоа следи протерување од мета-космосот.

Освен Черчил, сите фаќаа белешки кога зборуваше Тито

Режисерот oд црниот бран на југословенскиот филм, Желимир Жилник, чиј филм Рани трудови цели 13 години беше во бункер, сведочи за неговото запознавање со Коча Поповиќ, дипломец на Сорбона, шпански доброволец, командант на армија и еден од оние кои најмногу го познавале Тито.

Каде е нашето право на светлина?

Кога купуваш стан/куќа во Скопје, и да е топ локација и да е шознам каков квалитет во градењето, никогаш не си сигурен дека тоа ќе биде хепиенд купуванка и дека еден ден до тебе нема да никне некоја грдосија која комплетно ќе ти затвори и видик и воздух и светлина. Во Англија е поинаку.   

Приказна за бизоните и шприцерот

Човек треба да чита, бидејќи читањето само по себе е виша форма на човечкото постоење. Треба да се биде безмилосен за лоши четива и брзо-брзо да се баталат бидејќи прекраток е животот за нив, но истовремено, треба да се биде многу инклузивен кон тоа што и каде се чита. На најнеочекувани места ве чекаат тајни кои ќе ве продуховат и ќе ви ги отворат чакрите.