Канта

Илинденска порака на Џон Клиз

Во кратко видео обраќање, Клиз објаснува што ќе прави на 2-ри август и со која тема ќе се занимава. Можеби денот треба да се искористи, секој од нас, барем малку да се задума на истата тема.

Ќути, се работи нешто

Оваа, генерално лузерска реплика конечно добива оправдување, со оглед на тоа каков економски крш направи пандемијата во светот. А допрва, во втората половина на 2020-та, ќе биде невесело. Значи, ако вашата фирма успеала уште да е на нозе, без големи отпуштања и кастрења на платите, слободно можете да кажете: Ќути, се работи нешто.

Животот е ризична појава

Листа на 40-тина активности подредени според големината на ризикот преку нив да закачите корона. Од еден до десет. Најбезбедно е да се убедите дека сте филадендрон. 

Короната е од 5Г и чиста работа

Ако верувате дека земјата е рамна, дека Трилатерала и Билдерберг ова- она, ако верувате дека економијата им е битна со Алекс Ружин и брат Љубе како советници за странски инвестиции, што па да не верувате во ова? A човекот дури има и еден цртеж зад себе.

Со цена против оние кои празнат тезги

Со една ценовна финта, дански супермаркет дошол до генијално решение против оние кои без усул ги полнат количките. Едно шише средство за дезинфекција го даваат за 4 долари. Ама оди побарај две шишиња.

Порнхаб за Италија

Порнхаб уште еднаш се покажува како општествено одговорна компанија со префинето чувство за „размислувај глобално, делувај локално“. Додека мораат да седат дома поради коронавирусот, корисниците од Италија ќе имаат бесплатен пристап до премиум содржините на платформата. 

Музичка техника на миење раце

Одберете парче песна или рефрен кој го сакате и со душа влезете во песната а со раце под чешмата. Гледајте да е тоа рефрен со пристојна должина, да не одберете баш Вилиџ Пипл и „YMCA“.

Вежби за истегнување на вратот

Ако поминувате повеќе од 4 часа пред компјутер, вашиот врат неповратно многу ве мрази. Се наоѓа во постојани болки и само чека шанса да се укочи. Вежбите треба да ги правите во 3 серии од по 10 повторувања, барем еднаш на ден. Повторувањата се прават наизменично прво на лева па на десна страна.

Како помина 2019-та на Порнхаб?

Дали знаете дека ако новите видеа на Порнхаб од 2019-та година сте почнале да ги гледате во 1850-та година, до денес уште не би ви биле изгледани! Следат дузина инфографици за тоа што, кој и колку барал на Порнхаб, вистинска ризница на драгоцени информации за запознавање на ближниот свој (и негово соголување). Секоја чест Порнхаб, рака долу! 

Трамп ќе прави нов НАТО со Македонија

Како одговор на видео снимката на која се гледа како европските лидери се подбиваат на негова сметка, изневерениот Доналд Трамп во средата соопшти дека официјално формира покул и помоќен НАТО со неговите нови пријатели Македонија, Оман и Суринам.

Време за мапи

Каде има Нетфликс, од каде доаѓаат компирите, кој живее подолго а кој пократко од Американците, во кои држави уште вирее гермсанската аристократска лоза, како изгледаат денешните граници на Балканот во однос на римските провинции....

Ако имате на страна 95.000 долари, греота е да не го купите каучов

Пред се станува збор за уметничко дело, за чија изработка се потребни 400 часа, и што е најдобро изгледа како автентичен нилски коњ. Што повеќе барате?

Неповторливото писмо на Трамп за Ердоган

„Не биди насилник“ и „не биди глуп“, веројатно и не е ни најстрашниот дел од писмото на Трамп до турскиот претседател, доволно неверојатно за американски новинари да треба дополнително да проверуваат во Белата куќа за да се уверат дека е вистинито, а не намештаљка.

Богатите плаќаат помалку данок од тебе

Јасен и недвосмислен графички приказ на тоа како во САД паѓало оданочувањето на богатите во последните 70 години.

Мечка меѓу мечките

Катмаи националниот парк во Аљаска секоја година организира Недела на дебелата мечка, на која главниот настан е избор, по пат на елиминации со гласови од публиката, на најдебелата мечка во националниот парк. Годинава победник е мечката 435, која во паркот се води како Холи.

Праисториски 90-ти

Не е проблемот во 90-ти дека се така далеку, проблемот е што од тогаш е случен толкав технолошки напредок што тоа старото личи на прастаро, и денес не можеш ни да го објасниш на некого што го нема пројдено истото.

За многу години сеирот на Борис

Од средбата Макрон - Џонсон извадена е една фотка која од сега ја предвидуваме дека вечно ќе биде користена за ругање на овој вториот. Плус, фотката доаѓа со мајсторски добар сеир, па нема зошто да не остане тоа така. Видеото од истиот настан, покажува колку малку треба за некои моменти да станат вечни.

 

ИКЕА упатство низ шведскиот правен систем

Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од  американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.

Водич за возење велосипед во град

Во теорија е здраво и практично. Во пракса е опасно (немаш секаде патеки, ниту пак сите „патеки“ се оптимизирани за велосипед), полно со стресови (бидејќи добар дел од времето возиш по улица зависиш од добронамерноста, фокусираноста и смартфон активноста на луѓето со кола) и не баш здраво (по пат го вдишуваш целото олово од твоите моторизирани сограѓани). И покрај ова, пак некако, барем кога е убаво времето, велосипед е неспоредливо подобра опција од автомобил.

Две рецензии на „Медена земја“

Малку очекувано ама деновиве беше објавено дека „Медена земја“ се прикажува во американските кина. Идентично малку очекувано рецензија за документарецот извадија Ролинг стоун магазинот и Вокс, притоа и двата автори прилично воодушевени од тоа што го изгледале.